опее (св.)
„На каков клин?“ не сфати Мирон; и пак во своето тапо настојување, не сфати: „На врбов. Потопен во света водица и опеан со псалмите Давидови.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Овдека, на обележаното место, до подигнувањето на црквата, во времето на Преродбата, под отворено небо ги вршеа религиозните обреди и ги опејуваа своите мртви.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Така Петре ги презеде сите црковни работи: во старата црква, долу во гробиштата, тој ги читаше апостолите и тропарите, тој ја амкаше кадилницата со темјан, тој ги опеваше мртвите и ги крштеваше новородените, ама се знаеше оти поп не е, та затоа луѓето го почестија само со прекарот Петре Питропот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
На „балканското проклетство” така, од книга до книга, му спротивставува световен рај на толеранција, сличен на зелениот рај на детската љубов опеана од Шарл Бодлер: златно доба на несигурна конзистентност, парада на сити деца и разиграни животни, каде што семејствата се збратимуваат (покрај разликите во јазиците и религиите, етничките кланови и политичките догми), некаде помеѓу песните и извиците, некако субверзивно солидарни, како што се оние предизвикани од митскиот Чанга: „Да живее козата на комшијата!“
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
За кратко време сфатив дека и кај поетите она што тие го опејуваат не е плод на нивната мудрост, туку на некоја природна дарба или вдахновение, како што е случајот кај врачевите и пророците...“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Овие духовници својот дух на смртта го опеаја, оплакаа и завештаа во безбројните свои дела на едно автентично народњаштво.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
1. Преобразби
„Срцето ме влече да ги опеам преобразбите
во други тела“,23 на Ѓаволот конецот
намотан на макара да го замрсувам
јазикот да го вртам вртоглаво
на врвот врв да најдам
во коцката, коцка-бесконечност
во кругот, точка-вселена
за габите легло, да го откријам
-пред да пропеат првите петли-
мистериозниот отпечаток, совршено обол
божјата преса по европските полиња
додека житото живее знак дава
човекот да се прилагоди на чуда
и да мисли низ чудеса
небаре сѐ е
од два краја составено
на два раздвоено, непостојано
хаос и космос секаде и секогаш
отровен и неотровен свет двојници
свет условно отворен
на слобода пуштен
за да биде поблиску до смртта
најаве
одошто теориски.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Таквата младост - чувствува Крсте - треба да се опева, можеби во неа е изворот на секоја најубава песна.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ars poetica
кога го опеваш не го спомнувај
морето, туку кажи делфин
кажи алга, кажи блуз
или
за морепловците, потонатите ’ртови
јодот и струјата зборувај
за солта, нуркачите, светилниците
за галиите, фосилите, коралите
за одронувањата, песокта, реумата
за ритамот
за матката
за бродоломците
за капаците на прозорците, кристалите и
авантурите, морските болести и трговијата
на свила и бело робје
за капетаните последни што умираат
за проститутките кои не се надеваат...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
1. Грозна смеа
Опеј, ја Божице, дарбата за светогрдие
за иноказание, за смеа грозна низ плач и жолч
изречи ја славно на смртниците поругата,
подбивот и јамбот, отровниот рев
шегата пој ја на раѓањето и смртта
маската, порокот и гревот
опиши го, Вечна, на киклопот кикотот
кркорот на крвта
во обрач од стих завиено и сласно
растури го кругот, барутот, чаурата
со метар, а безмерно смерно
во речта магично обратена,17со очи на тилот
во стар образ, а со друга вера
- кој прв спомна на Бога Име
небаре ќе го снема ако не има
во времето знак
да биде освен вера, завера
освен пат и бездна
отсутен а присутен
по севезден ѕвезден?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Една ноќ во пусти маки барајќи излез од непознат предел мустаќи нечии гледам густи таинствен во мракот некој беше седел се присетив тогаш почнав да опевам една падната шишарка постапката не беше умешна, точна се премислив веднаш песната ја ишаркав. 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Во мирните води од каршија, гледам брегот ко играчка тоне. Еден спомен за старата чаршија опевам во еден сонет.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Ги прашав: Што мислите за Лорка Шпанецот кој од песните солзи лее ја опева љубовта горка на младичот серенади што пеел?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Кога на познатиот поет Бечковиќ му забележале зошто дозволил да му ја опејат жената, тој им објаснил дека тоа е песна за жена покрај кањонот на Тара, но, не и за неговата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Другарот Тито кога го слушнал името на својата жена опеано во песна ѝ рекол: „Гледаш, дури и песна ти испеале“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)