опкружува (несв.)
Премногу сведоци ме опкружуваат за да можам да ја одиграм својата игра заборав.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој се однесуваше како воопшто да не ме забележува, како воопшто да не го забележува ѕидот и сѐ она што нѐ опкружуваше во домот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И црневица се растури накај џадето, Турмата како диво надојдена река, црна, огромна, разофкана и развикана, расплакана и разлелекана - надоаѓа, надоаѓа, се згустува; истечува од горе и дотечува, бучи, завива, вие, тупа, дига облак прав, го наполнува просторот, се влева во ендеците, се втиснува и се растура меѓу камионите, ги опкружува, се збива, се рои, во бранови се фрла, трча, клокоти, врие и вика гласно, болно, продорно, пронижувачки, жаловито, галежливо, тажовито, испрекинато, молбено и шепотливо: - Е-е-е-е-е!!!...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И тие како и војските, се напаѓаат кришум, подмолно, од заседа; се напаѓаат со опкружување или во редица; се напаѓаат молкум или со гракчеж што заглушува и паничи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Зашто во оној момент кога ќе застанам, ќе застане и времето и тогаш ова сивило што ме опкружува ќе поцрни и ќе се свитка во дупка во која сè ќе исчезне.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ги опкружуваат Мајсторите со некоја рудиментарна чудесност, како болникави самовили! ***
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но, еве ја Таа, изнуркува од белината на својот посед, и бледа, како природата што ја опкружува, преминува во нешто помоќно и позагадочно од своето обично траење...“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Башка повеќе жежи затоа што „културата“ (во чие опкружување се обидува да дише на шкрги и да биде одвај видливо, ко Челичната Шепа, ова ситно, наказно телце по име Маргина/ Темплум, некакво си хибридче од пар култури, и затоа опасно) речиси дека е на ниво на племенска култура, без критериуми, релации, фидбек, самопрогласена, самобендисана, без најобична рецепција (а камоли „критична“!), култура во која бавењето со книги или е работа на примитивни социјалистички профитери- гребатори или најцрн идеализам кој за кратко време ишмукува толку што човек се претвора во школка, во ехо на згазен молител.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Една од најголемите простории на најгорниот кат на Палацо Граси беше искористена за изложување на Дишановото „вализе“ и голем број оригинални слики репродуцирани во оваа комплицирана и прецизна збирка, обесена по ѕидовите што го опкружуваат експонатот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Исто како што хирургот, при операција на срцето, не може да го занемари телото што го опкружува срцето, така и за преведувачот е погубно да го обработува текстот во изолација од културата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Или, со други зборови, компјутерите се способни да синтетизираат алтернативни светови, што ги проектираат од алгоритми, т. е. од симболите на калкулативното мислење, коишто можат да бидат исто толку конкретни колку и светот што нѐ опкружува.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во таа смисла, еден евидентно анахрон концепт за тродимензионален простор кој е тнр. „база“ на медиумот „архитектура“ веќе не може да опстане во своите три димензии туку ги користи придобивките (кадрирање, суспенз, нарација...) на тнр. дводимензионален простор на филмот, на пример (кој, парадоксално, „со една димензија помалку“ - иако и таа се освојува со Виртуелната Реалност - се здоби со повеќе „реалистичко ткиво“, со повеќе „видливост“, да речеме, од множеството тродимензионалност што нѐ опкружува!), или, уште порадикално, архитектурата ќе мора да се соочи и со тнр. мултидимензионален концепт за простор на Хокинг (кора од портокал, како пример!), кој станува парадигма за „просторна ориентација“ на крајот на веков. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 11
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во почетоците се жртвувало сѐ што го опкружувало човекот, па потоа и самиот човек, деца и животни, со жртвениот јарец на чело...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Секој актуален чинител се опкружува со кругови од секогаш нови виртуалности, каде што секој пушта во оптек некој друг, а сите заедно го опкружуваат и реагираат на актуалното („во средиштето на облакот на виртуално сѐ уште е виртуалното од повисок ред... секоја виртуална партикула се опкружува со сопствен виртуален космос и од своја страна секоја го прави тоа до бескрај“).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
II До сега го разгледувавме случајот кога некое актуално се опкружува со други повеќе или помалку проширени виртуалности, повеќе или помалку далечни и разнолики: партикулата создава ефемерии, перцепцијата го привикува споменот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
1 Следствено на драматскиот идентитет на динамикиве, една перцепција наликува на некоја партикула: актуалните перцепции се опкружуваат со цела небула од виртуални слики кои се дистрибуираат со подвижни кола колку повеќе се оддалечуваат, стануваат сѐ пошироки, се градат и разградуваат.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но тој одвај го забележуваше своето опкружување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Планот е, со комбинација на борби, пазарења и временски добро темпирани предавнички напади, да се обезбеди еден прстен од бази што целосно ќе ја опкружува едната или другата ривалска држава, а потоа да се потпише пакт за пријателство со тој противник и да се остане во мир со него доволно долго, за да престане да биде сомничав.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој седеше покрај ѕидот и молчеше, поттурнуван од нечистите тела, премногу обземен од страв и од болката во стомакот за да може да се заинтересира за своето опкружување, но сепак забележувајќи ја изненадувачката разлика во однесувањето меѓу партиските затвореници и другите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)