општонароден прид.

општонароден (прид.)

Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не ни покажува ли тоа оти малите држави, па и секоја една земја, со гонењето општонародни цели гонат не хумани цели, ослободувањето на поробените, ами чисто материјални и егоистички цели, т.е. зголемувањето нивно за свој интерес, без да се гледа дали ќе настапи подобрување во судбината на Македонија или не.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, месните интереси се јавуваат главни, а општонародните второстепени; првите се цел, вторите – средство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нешто што, велеа, им останало во крвта уште од времето на комитите, кога тие, на очиглед на Турците и предводени од Михаила Акиноски се учеле да нишанат, а кое, денешниве власти, во согласност со потребите на општонародна одбрана, усрдно го помагаат - и тогаш кога Потковицата беше полна со мажи, а и сега, кога е останат уште само некој од нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од скромност јас нема да го посочам фактот дека на денот на моето раѓање биеја сите камбани и имаше општонароден восхит.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)