ориенталист м.
ориенталистика ж.

ориенталист (м.)

Сиџилските илузии му ги одржуваа неговите поранешни ревносни ученици кои веќе стануваа добри ориенталисти, турколози, универзитетски професори.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко беше свесен дека за реализирање на оваа идеја му беа потребни повеќе години отколку што претпоставуваше дека ќе живее, па на Климента му рече дека би бил среќен младите ориенталисти да работат на сиџилите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој беше свесен дека изборот на (безопасните) балкански ориентализми што го правеше со Климент Камилски, ќе можеше, покрај другото, да послужи за показ на балканските ориенталисти и балканолози да трагаат по тоталитетот на балканскиот историски процес што нему тешко му успеваше во неговата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во обете семејства, сопругите и децата на несудените балкански ориенталисти, беа загрижени дали воопшто ќе заврши ловот по старите ориентализми во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)