осамне (св.)
Се осамна и изутрината започна работата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И така осамна убав летен ден со сите свои убавини и лошотии, во кој витоливци извадија сноп.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Утредента, уште на осамнување, Бошко Манев веќе го имаше фатено патот кон Пелистер.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Осамнуваа со омраза едно кон друго, со омраза и замркнуваа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Утрото осамна бело. Шумата, папратот, ливадите, ридјето, сѐ беше завеано, сѐ на ист начин фатено, обоено.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Долу, кај Црна, се осамна и Митра веќе заборави оти живееше толку време во Мариово. Co лав, со муабет, со смеа и шака вечерта пристигнаа во Прилеп и кондисаа кај Биковите на ан.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Море ми, лели пусти свети Јовани беме, Толе, дали не му грешиме на господ ноќеска, — небарем се покаја Миша кога се осамна утрото и кога се виде дека лежи на Толевата десна рака.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И така, возот брзаше кон Минхен. Ја минавме границата, па Австрија и откако нѐ осамна некаде кон Салцбург, моите сопатници ги опфати нервоза. Веднаш разбрав од каде произлегува.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Осамнува. Осветлува. Дени, Овошките со укит накитени, Очите отворени, разбудени, Воздухот тихува.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Но ќе осамне денот - го засилува гласот - Денот на нашата одмазда! Храбро ќе ги дигнеме нашите чела!
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Некаде по Божиќ, едно утро, некои три или четири часа пред да осамне, додека се грееме крај огништето, внедоапица дома ни дојде дедо Геро Војвода.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Незаборавниот ден осамнал со неколку богомолски подвиткани кокичиња во присојот на источните манастирски ѕидови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Градот осамнуваше со старите, но и со нови плакати, пароли: – Да живее социјализмот, Наша иднина е комунизмот, Тито – Сталин иднина, Смрт на класниот непријател, Братство–Единство, Смрт на шпекулантите, Да живеат задругите, Смрт... Смрт на овој, смрт на оној.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Што ќе беше ако кај нас осамнеа атеистичките музеи, овие вистински концентрациони логори на душите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Најмногу страхувавме еден ден да не осамне и паролата: Смрт на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ноќта осамна над кусата трева на пустелијата; немаше никакво друго движење.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
36 Насмевка Редицата осамна на градскиот плоштад уште во пет наутро, додека петлите пееја далеку во предградието и сѐ уште немаше никакви светла.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
За душата уште се зборуваше во нашето бегалско семејство, а тоа често се случуваше, кога денот ќе осамнеше со абер од другата страна на границата, кој најчесто, ако не и секогаш, во тоа клето време на сталинизмот значеше исчезнување на близок.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Станав и излегов да видам дали осамнало.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)