осети св.

осети (св.)

Поминав со рака преку косата и осетив под прстите густа и леплива влага.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Напатена по Солун по туѓи куќи, слугинка, и таа, и мажот и, кој не се враќал со недели и месеци да ја види, сега Доста осети дека влегува во нов живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тој момент се осети момче од деветнасет години и да не беа двајцата старци за големо чудо сакаше да стане, да ја грабне и на грб да ја префрли преку Трибор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токмо сега се осетуам способна за маж.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сакаш да замижиш и замижуваш. Осеќаш, земјата се поткрева на прсти и ти го подметнува својот грб за да починеш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
„О, како е чудесно убаво сѐ овде“, се тргна и тој и осети како му пламнува во душата нов, посилен копнеж за непреодоливата мечта...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Манукот, манукот е долу! - чу Веле како извика тивко некој и осети како да му падна нешто на главата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чалгијата молкна... Кога стигна на езерскиот брег, Панде осети како го обзема свечено, празнично настроение...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Осети, наеднаш, дека одамна ниедно негово испраќање не му било толку полно и толку вистинито.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури тогаш се осети, заздишен. И тоа можеше да биде причина за да ги загуби, онакви воздушести и мирни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
10. Толку многу го засакав тоа небо Под кое погласно од звукот на поколението Осетив нешто горчливо и – тешко.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Така многу го засакав тоа небо Под кое погласно од звукот на поколението Осетив нешто горчливо и тешко.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Во првиот момент се осети потчинет, ограничен во своето самовластие, но веднаш се успокои, и како да му се симна некаков товар од грбот, па му вели на Стојчета: — Шо има ново? Шо ќе правиме сега?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Добредојде, Толе, добредојде, пашо! Откаде на моата куќа волкава чест? — се поздрави Трајко со Толета, му ја стисна цврсто раката и Толе ја осети целата негова сила.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На Толета му се отворија очите и се осети окуражен кога разбра дека и други како него мислат за она што сам си го постави за цел; а Трајко и Атанас, задоволни што ја исполнија задачата што им ја возложи Организацијата, дури и со факти ќе докажат со двесте и педесет лири, дека Толета го завртоа на нивна страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во бегањето осетив нешто ме дожеже во ногата, кај прстите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Другиот ден пак така, велеше, мечката ќе влезе до потокот, потоа ќе се јави и крмакот, ќе го намириса воздухот со чурилката, велеше, ќе осети дека уште некој има тука некаде, и ќе загне кон кај што го води носот, по миризбата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наеднаш осеќам нешто тропа под мене, ко саат, ко ѓупски тапан.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едно малечко биволче, еден ненаситник, еден вечно гладен, наеднаш беше ти осетил како нешто го дави во грлото.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам, никогаш поголем страв не бев осетил во животот одошто тој ден.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повеќе