основица (ж.)
Со неа е пропишано дека, одредбите од овој закон, освен одредбата со која се регулира платата по работник која претставува основица за пресметување на даноците и придонесите од плата, нема да се однесуваат на работодавците кај кои повеќе од 51% од средствата се во приватна сопственост (чл. 1, ЗИДЗИПРМ/апр.02).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со еден исклучок, имено дека и за нив ќе важи одредбата од законот која ја регулира платата по работник која претставува основица за пресметување на даноците и придонесите од плата (чл. 1, ЗИППРМ/93).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Минимална плата и минимален износ на плата која претставува основица за пресметување на даноците и придонесите од плата Во врска со оваа проблематика дојде до доста измени.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За работниците отстранети од работа, за времето додека се отстранети од работа, работодавачот е должен да ги уплатува придонесите утврдени со посебните прописи за најниската основица за плаќање на придонесите (чл. 237, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На работниците учесници во штрајк, за време на учество во штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува придонеси од плата утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите (чл. 240, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)