отпочне св.

отпочне (св.)

МЕТОДИ: (Уплашено и насила, отпочнува да го отпашува својот ремник.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Два дена само минаа откако тој го отпочна тоа необично и безумно дело и Ана пристигна, жедна за милувки и за исповеди, свежа и малку тажна, но детински радосна и брборлива во своите изливи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кризата за слатка вода, според тврдењето на бугарските експерти, отпочнува да се чувствува и во Бугарија, моментно не во толку остра форма, но сепак е даден знак за тревога.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Откако отпочна тука да се шират и да се доградуваат рафинеријата и погоните за каучук, нашите градежници уште од пред повеќе од десетина години почнаа да ги удираат темелите на многу објекти, кои денес се шират на едно огромно пространство на овој петрохемиски комплекс.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Поправо, сами тие, Акиноските, го отпочнаа своето осиромашување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На знак на Абдурахим Али и при уште посилно трештење на зурлите и тапанот, борбата отпочна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И иако никако не му поаѓаше од рака да го одбере вистинскиот збор, што му беше најпотребен во мигот за да го отпочне нападот, кога проговори му се стори дека ја стрефи право целта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само што не сум сигурен дали новата етапа навистина отпочна?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Судот направи пресметка колку ќе чини експертизата и побара од Китан да вложи половина од таа сума на име кауција за да може да отпочне експертизата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога го читаше Бајрон почна да накривува, после Бодлер ја обои косата во зелено, а средбата со загадочните Франц толку го потресе, што веднаш на Вера својата платонска љубов од женската гимназија, отпочна да ѝ пишува долги писма, насловени со „Милена“!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како блуз пианист, насетував дека со Лолита – Јасна треба да отпочне од некој лев акорд, на пример Фис-мол.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Навистина, си изгледам буденброковски во сивото, сомотско куќно палто на татко ми, готов да го отпочнам разоткривањето на возбудливите моменти од семејната хроника, поткрепени со пожолтените фотографии, преполнети полици на библиотеката, заладеното вино во посребрените чаши: Убиството на прадедото Хаџи-Васков, прикажано во вечерашнава верзија со посебен нагласок на величествениот предсмртен гест кон атентаторот, - „Нека ти е простум, синко, ни самиот не знаеш што правиш“, ја тера Ева III, да ме стисне за рацете, а штом минувам на единствената љубовна приказна за Ѓорѓи, непокорниот син на Прокопија и српската учителка, мојата ноќна посетителка, сѐ уште цврсто држејќи ме за рацете, клекнува пред фотелјата и оддолу, ги впива секој збор во ширум отворените очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Околу нив жабите ја отпочнаа својата немилосрдна хорска изведба, постепена, им се чинеше - невоедначена како нив, иако заслепени, љубопитно свесни за тоа, малку повеќе отколку свиткувањето на малиот прст, допирот на пивските кригли, заедништвото на Мек Кол - усогласувајќи се себеси во ритам секција на виртуозно дуо за кратки воздишки, извици; тој пуфкајќи повремено од цигарата за време на изведбата, капчето за бејзбол потскокнувајќи безгрижно, таа привикувајќи го нестабилното чувство на заштитеност, никогаш до крај прекршен Пасив; сѐ додека најпосле, попуштајќи под налетите на глупавото крекање на жабите, легнаа не допирајќи се.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Штом еднаш ќе отпочнеш да ги броиш типовите на феномени, ти си на погрешен пат, без оглед дали ќе запреш на еден или на два. okno.mk | Margina #1 [1994] 43
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ќе се качеше во камионот од другата страна и тогаш ќе се одвезеа во големиот град по долгите улици сѐ додека не доаѓаа до местото од каде што отпочнуваа со работа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Бидејќи смета дека свеста е централен ментален феномен, тој сака да отпочне едно сериозно испитување на свеста во нејзините рамки, и се обидува да ја докрајчи теоријата дека умот е некаков компјутерски програм давајќи предлози за преобразување на нашето проучување на менталните феномени на начин кој би ја оправдал надежта за повторно откривање на умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
23 Непосредно по потпишувањето на примирјето, па дури и пред во Версај да отпочнат преговорите помеѓу Франција и новото германско Царство, пратениците на Алзас и Лорена во Националното собрание во една свечена декларација ја обзнануваат својата верност кон Франција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Партијата на Луција реши да ги диференцира младите; бараше да се декларираат, и затоа отпочна широка акција на „анкетирање“ по сите школи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По победата на Рим над Картагина кај Зама во 201 г. пне. Рим ги отпочнал подготовките за војна против Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тој процес отпочнал со симнувањето на македонските племиња од северозападните и западните планински краишта, Горна Македонија, во централниот дел на рамнината на Долна Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Повеќе