отпростум (прил.)
- Не сакам отпростум да ти го тријам носот со сол.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Од збор на збор го подбидоа да фати облог дека на еден здив и отпростум ќе испие три ока вино и ништо нема да му биде, сакаше да им покаже колку е силен и затоа да престанат да го задеваат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Методија праша што треба да помогне натаму, но Симон му одговори дека не треба ништо, дека е добро што свршиле работа и го извади пријателот од влезот надвор и таму отпростум испија двајцата по една ракија.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Првите денови, кога нешто ќе спремев, и ќе ставев на маса, тој ќе ја земаше својата чинија и ќе се повлечеше во собата, или пак ќе јадеше отпростум, свртен на некоја страна.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ние стоевме отпростум во собата, неподвижни. Го гледавме танцот на сенките.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не ја слушав. Сѐ уште стоев отпростум на средината од собата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не ме слушаше. Сѐ уште стоеше отпростум на средината од собата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)