отрпне (св.)
Кожата на врвот на показалецот стана жешка и отрпната додека го вртеше тркалото како ќе му дојдеше не знаејќи не ли промашил само малку пред тоа со иста комбинација.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И в село се чу пукањето, ама војно време, си отрпнат, наглув.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ама со време, отрпнуваш. Оти си смешан со калта, заглибан, завеан.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Било, како ние што викаме „аирлија работа“. Ќе те мислат нем, ако не речеш „аирлија“. Ама кој знаел. Дури отрпнавме, многу глави се скршија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Всушност, се жалеше (како што само тој знае да се служи со зборовите), дека забележал дека неговите сетила се целосно мртви, дека веќе и чудата не го возбудуваат, оти отрпнал на невозможното, кое во циркусот го имало премногу; дошол до ситуација, велеше, чудата да му станат секојдневие, и посакал да се врати од малото небо (веројатно мислеше на циркускиот шатор), под големото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А Фоте, кој беше навикнат па и отрпнат на зајадливите забелешки од Маре, помина и преку оваа со тоа што ја премолче.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не вложуваше голема надеж и во овој обид, не само за да не биде исто толку разочаран од негативниот исход туку и затоа што веќе беше отрпнат од неуспеси со кои продолжуваше како што и почна неговиот живот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ама како да отрпнавме од толку војни...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Одамна отрпнати на ветерници во душите си ја носиме во зборовите и болката, и името, секогаш макар за влакно пред стрвот на ограбувачите на умни мисли и набабрени ѕвезди.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)