оџа (м.)

Роден во планинско место каде што живее племе Од смртници смешни: веруваат в Алах и Христа, мешано празници слават; и оџа, и поп на гробиштата заедно исти обреди свештени прават.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Однегде закукурига петел, и оџите како в земја да пропаднаа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- ... Еднаш јавам јас на коњ, кога кај едни гробишта ми излегува оџа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Неговиот поп личи на патка. А оџата твој? Оџата што е - дроздалец?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Непотурчена и насила не сакаше да ја изведе пред имами, мувтии и оџи и да ја озакони, бидејќи и по исламските верски закони се бараше и се бара согласност од двата брачни другари што стапуваат во брачни односи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Хармоникашот зад нив допре со ковчестите прсти некаков остар и болен мол и го разбуди бревтањето на замрената локомотива зад станицата. „Во дворот на еден оџа власта денес откопала дузина митралези“, рече еден од браќата. „Затоа ноќе мачките лаеја како пци.“ Отец Симеон ги склопи очите и се заниша.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Чорбаџи Карче... - од време почнаа вака да го викаат и да му се поклонуваат и оџата и попот во градот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога домаќинот уште еднаш го фати со немирните прсти копчето на неговата кошула, не издржа - околу нив почнаа да трчаат невидливи мачки со кучешки гласови и да се кострешат оџи во чии дворови се кријат митралези.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бидејќи беше пладне, оџите на минарињата викаа и ги канеа верниците на молитва.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На сите страни, дури до небо, се издигнувале белите високи минариња на џамиите. На нив се качувале оџите и ги викале верниците на молитва.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
САЗДО: Јас да не сум оџата од Битола или Ванѓа? Ќе видиме.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Во очај, по безуспешното лекување на оџите и бајачките, кришум, по првиот мрак, бил повикан еднаш и попот Вртипоп, поточно бил извлечен пијан од туѓа плевна од двајца слуги на бегот кои сепак можеле да видат во сувата слама две недоволно сокриени женски нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оџо, знаеш ли дека имам превртено була? Летоска, в јачмен. А тоа ќе го сторам и иногда.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јс ќе праша бегот дали ѓаурска камбана може да се слуша подалеку од гласот на оџата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој не се насмеал; рекол дека ни мајка ни кобила не родила калуѓер или оџа што ќе му суди и пред сите ја завлекол раката в гаќи да се драпа кај што не го јаде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Летаат ли Оџа магарињата?“ „Не знам. Не сум слушнал. Само имам видено како паѓаат од облаците самари!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Јанлаш пазар, ѓаури!“ рече сега и оџата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Господ да чува, светол бегу, ами јас не ќе бидувам оџа? Господ ќе ме чува од такво нешто.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се растрчаа измеќарите, дојде и оџата од новата џамија на ибн Пајко, па го положија телото на еден душек, со главата кон исток.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе