памјат (ж.)
Откако ќе ми ги испразни џебовите, клисарот злорадо ќе се клешти над мене. Вечнаја памјат...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во блаженом успением вечниј покој подажд, господи, усопшују рабу твоеј Велика и сотвори еј вечнују памјат...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Вечнаја памјат, вечнаја памјат, вечнаја памјат! - Одлета, рече пијаниот гробар, враќајќи се од кај црешната, одлета врапчето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Повели во крчмава. Таму ќе пееме вечнаја памјат.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Шепотеше молитва што само тој ја знае; поточно: ја измислил со зборовите на некој предок, Јаков Иконописец или Круме Арсов, или некој што живеел далеку од нив колку и тие од него: ...нас сите со млеко од иста измитарена биволица нѐ доеле, господи наш севишен, и од еден склопец нѐ демнела сиромаштијата лутица, семето да ѝ се сотре и од правот нејзин да жугне берокуќничка добрина, и исти пијавици ни се плетеле место учкур околу папокот, орли врз темето лузни ни пишувале и штркови балабани низ грчмак срцето ни го ваделе и го пресадувале на новороденчиња, пред иста земја челото на камен сме го допирале, сме биле, не било не, не ќе сме, вечнаја памјат ни ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И после само ќе ја пречекориш жената и, ај со здравје, вечнаја ѝ памјат. Талогот прв паѓа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)