парадоксален прид.

парадоксален (прид.)

Двосмисленоста, парадоксалноста, суптилноста, духовитата остроумност - брзо исчезнуваат.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
А на исчезнатата идеја за уговор жителите на Алзас и Лорена ѝ вдахновуваат сосема парадоксална актуелност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На некои западни феминист(к)и ситуацијата им изгледаше парадоксална - назадување во статусот на жените, а мала феминистичка свест.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На парадоксален начин тој тоа го нарече постмодерно.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се најде во парадоксална состојба, уметник чии дела беа барани, а тој се задоволуваше со тоа бесплатно да им ги подели на своите пријатели, или намерно ги продаваше по ниски цени.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овој „политички“ аспект на прочитувањето на класичното дело може да изгледа парадоксален на прв поглед.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Почнува да го чувствува влијанието на Маседонио Фернандес, татковиот пријател, поет и раскажувач, кој негува еден парадоксален хумор налик на Алфред Жари.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бункерите во мигот ми изгледаат како гротескни и парадоксални монументи на масовното жртвување на еден цел народ во сиромашната и херметички затворена земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа со својата парадоксална порака, случајна или промислена, ја изразуваше сета драма на постоењето на Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Така доаѓаме во парадоксална ситуација во која највисокиот правен акт на една држава, којшто симболички и правно ја втемелува таа држава, всушност е нешто што со својот недостиг од легалитет и легитимитет го оспорува легитимитетот и на самата држава.10 4.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Дека вакви дела воопшто постојат звучи парадоксално, но тоа очигледно е можно кога станува збор за ваква парадоксална ситуација и на пошироко рамниште.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но да ја разбереме како што треба намерата на нараторот кога тој го форсира овој парадоксален предлог.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како што заспа, така се најде на некој отворен, недефиниран простор, во една колку парадоксална толку и апсурдна ситуација.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Познати ми се случаи на таква парадоксална логика, инверзија на нормалното расудување.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Се најдов во парадоксална невозможна мисија: ефикасен можеби таму каде што не бев упатен, а неефикасен во земјата во која бев упатен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
13 А, пак, договор за вработување на определено време за замена 12.  Имено, се случија парадоксални ситуации – сите оние што биле евидентирани како вработени на определено време имаа право на добивање паричен надоместок, зависно од должината на нивниот стаж; а оние, пак, кои биле водени како вработени на неопределено време, што на прв поглед се чини поповолно, немаа такво право!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Парадоксалното персирање...е малце за нив...можеби тие помешани глави знаат, дека секој нивни потег и со најголем ентузијазам и визија ќе ги доведе во ќор сокак, во бездна, од каде никогаш не ќе излезат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)