пасијанс (м.)
На баба Санда ќе ѝ купам нов сандак за замрзнување, и онака стариот постојано ѝ се расипува, а на дедо Борис нови карти за редење пасијанс, неколку шапки за сонце, а можеби и автомобил, зашто тој никогаш го немал...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Дедо послушно го спушти ракавот и почна да си реди пасијанс со картите.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Бараш трет за преферанс а немаш ни втор за реми – играш пасијанс со спомените.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)