пердувче ср.

пердувче (ср.)

Неколку лесни пердувчиња затреперија низ воздухот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Одвај малку покриено со пердувчиња, тоа сето трепереше и беспомошно зинуваше цивкајќи премалено.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Можете полека, нежно, како што снежи од небото снежно, можете тихо, леко, како што паѓа пердувчето меко, како што шепоти трева кога расте, и како што сонот доаѓа, се пласти, - можете да побарате и да замолите, скромно, тихо, со смирена душа та секој да ве разбере, та секој да ве слуша!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Таа го зеде песочникот што дотогаш го полнеше со пердувчиња и воздух, го истури и го наполни со пудра, вештачки трепки и други ѓубренца.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сполајти бре Томче! се заблагодари Чана и свртувајќи се кон отворот низ кој влегоа во кој сѐ уште се прпелкаше денот, ја завлече Пелагија како да е лесно пердувче.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога ќе си спомнеше на вечноста најмалото пердувче му затреперуваше од среќа и тогаш белиот какаду ќе крикнеше бело среде ливадата на самоубиственото молчење.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
- Ама, пердувче си се сторила, Ѕвездо моја, ќе ми се налути мајка ти, не сум се грижела за тебе, ми рече на заминување дури да се врати да сум ти баба, и мајка.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Си припомнив за баба ми, дамна упокоена, за нејзините кажувања: - Тоа, Ѕвездо моја, Дедо Боже си ги тресе перниците - сѐ од бели пердувчиња од бели гулабици... и одеднаш сетив некаква милина, па сум се втурнала во домаќинот мој, небаре во него сакам да се засолнам...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Премалена си од нејадење и од искачување наугоре. Секоја ден одиш... чекаш... се враќаш нажалена. Пердувче си се сторила... Ајде касни ! Од што сакаш - касни.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)