пердушка (ж.)
Кога ќе почнеш казмата ти е како пердушка во рацете, а после полека полека како со олово да ти ја полни некој. - Вистина, - рече Шишман.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Се напинам, се напинам со сета сила, но енергијата ми останува некаде во мене, некаде во стомакот, некаде во некој празен простор во желудникот, таа тамо лебди како пердушка и нема во себе никаква тежина со која ќе налегне за да потисне нагоре енергија која ќе ми го поткрене јазикот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Се заврте во чудо лево и десно, се исправи и лесно, чиниш пердушка, се спушти на земјата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А Бајазит, ќе се појави ли Бајазит макар во својата носилка украсена со пердушки, свилени пердиња и скапи камења?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)