периферен прид.

периферен (прид.)

Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најпосле, дали особините на крајните или периферни македонски наречја и говори ни дозволуваат да ги сметаме за поблиски до средното и најтипично македонско наречје велешко-прилепско-битолското или до централните наречја на српскиот и бугарскиот јазик?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Последниве пак налагаат: Периферните наречја да му отстапат место на централното.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мислам дека филмот го става геноцидот и ниските чевли во слична - периферна зона на приоритети.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во споредба со американските “downtown” квартови и блоковите облакодери, Дефанс ја губи архитектонската предност на вертикалноста и претераноста со тоа што ги вклештил своите згради во сцена на италијански начин, во затворен театар омеѓен со периферен булевар.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Однесов тринаесетина жители од мојата куќа и ги збогатив периферните куќи на градот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Едно од дваесетте приградски гратчиња беше спружено како ѓердан покрај периферниот приградски автопат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Онаму каде што една од тие радијални авении се вкрстуваше со периферниот автопат, која формираше свод во форма на виножито, во предградието на големиот град, се наоѓаше една општина, со своја самоуправа и независност од градот, а сепак таа се прихрануваше, како најоддалечен грозд на винова лоза, благо откачен од ластарот, што ја шмука својата хранлива материја од главното стебло до земјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)