петролеј (м.)

Еден од финансиските кралеви на Германија, Фон Гвинер, директор на „Германската банка“, поведува преку својот приватен секретар, Штаус, агитација за монопол на петролејот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Според тој договор, „Германската банка“ се обврза дека „не ќе преземе ништо на штета на американските интереси“; при тоа беше предвидено договорот да престанува да важи ако во Германија биде донесен закон за државен монопол на петролејот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Но, прво, крупните германски банки се скараа меѓу себе околу поделбата на пленот, и „Дисконтното друштво“ ги разобличи еготистичните интереси на „Германската банка“; второ, владата се исплаши од борбата против Рокфелер, зашто беше многу сомнително дали Германија ќе може без него да добие достатно петролеј (производството на Романија е мало); трето, во тоа време требаше да се вотира милијардски кредит за 1913 година наменет за воените подготовки на Германија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Романија го пречекува патникот со својата непрегледна рамнина и со огромните танкери за петролеј и за други нафтени дривати, расфрлени на самиот брег на Дунав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Над 200 милијарди тони нафта - така денес се проценети резервите на петролеј во Романија, а тоа е големо и неоценлови богатство на романското стопанство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)