печалба (ж.)
Седнах, моми, окол' баба пред црковни врати, па сја пуљам и сја чудам зашт' е жаловита и што барат в таква доба т'мна и вечерна, кога људи сја собират дома си сос чељад; кога људи си оставјат дневни си печалби и сбирајат окол' себе дребни, мили рожби, па с них они сја печаљат да сја развесељат, да забравјат дни си чрни, маки, таги, глоби...
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Шт' она барат в такво доба, кога сегде тихо, глухо сегде, т'мно сегде, сичко ношт покрила, и планини и долини, шуми и пољани, и широките градини, сичкиј бел свет божиј, кога сичко сја починват од печалби дневни, как зверове, так и птици питоми и диви.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Велам, и му дојде време на печалба да оди, да остави некој грош на страна.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
За тоа не одам на печалба...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
И што друго можел? Или со пушка во гора или со торба на печалба.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
КОТЕ: Женска работа, што требало плачење, не го праќате на бесење, на печалба го праќате.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
КОТЕ: Ете, пак кај нив други адети, кога се оди на печалба гурбетчијата да излезе од пенџере.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
ФРОСА: Вистина, вистина, останало од старите - адет кога излегува некој од куќи за на печалба да се стави софра. Велат за пак да си се врати на софрата — дома.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
„Мојто момче, Џемо море, не е дома, мојто момче на туѓина, на туѓина, на печалба.“
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Нашата печалба некако стасуваше да се преранат браќата; продававме лилјаци уловени со мрежа в дувло, носевме крст на покопите, некои крадеа, некои веќе питаа по гробиштата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Единствената печалба што му ја печалаше Крсте на поп Петтка беа рибите со кои тој често се гоштеваше, та дури гости и пријатели чекаше со нив.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Домаќини луѓе да се влечат по срезот, не го чинат кабул сето што ќе го продадат да е печалба, не само 40—50 проценти колку тие што печалат на продадената ракија, шеќер и друг бакаллак.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За покуќнина, ајде, како му годе, ама куќа и сермија да се собере, за тоа треба време и печалба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таткото, туку што Трајанка се роди, тргна со групата селани на печалба во Влашко.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Така е, на чесен збор: во малите градови осамените и тажните се кловнови за луѓето, за оние луѓе што строго го поделиле животот на печалба, сопружничка должност и спокојство крај полната софра. Во малите градови.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И кога беше во прашање печалбата, не се плашеше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Еден од макроите, стопанин на ова бело робје, на овие сексуални автомати што им носат печалба, се најде во близина.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа беше неговата последна лекарска печалба, не и последен удар со нож.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Операцијата ја водам јас, момче, а печалбата ја делиме рамно, под конец.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И му се стори дека е во нивната саботна колона, упатена кон сонливото гратче под планината, и самиот тој како тие - со ипотен грб и многу шум во главата, во таа човечка глутница со шестдневна печалба в џеб и шестдневно неспокојство во крвта.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)