печатен прид.

печатен (прид.)

135. Иако Мисирков и во текстот не ја употребува оваа антиципација на мекоста, овде веројатно се работи за печатна грешка, па наместо туѓа треба да стои тујѓа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
140. Веројатно е печатна грешка и треба да стои VII век, бидејќи дури тогаш Словените во Македонија се конечно населени и образуваат посилни племенски сојузи за борба против Византија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога ќе затракаат печатните машини во Македонија, сѐ ќе исчезне.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа беше прв обид да се соберат во една печатена збирка оние песни сo кои што умираа нашите борци, песни во кои што се викаше нашето село, нашиот град на решителна „борба за народна Слобода“: „Ајдете браќа, сите содружно, да ги скршиме ропските синџири.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Затоа џуџињата се плашеа. Како да беа печатени во два примерока - имаа исти движења и исти гласови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од светлосната топлина на ламбата, меѓу печатените букви се покажаа други ракописни букви.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ме привлече рекламата и старинскиот изглед на таканаречениот „диско клуб“, кој го носеше името „Валенхоф ам Рајн“ и во чие Фоаје љубезно пречекува еден атлетски развиен млад човек, кој на секој љубопитен му врачува програма печатена на црно-црвена боја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Опколен со бадеми од книги, се прашувам која е мојата, кои се нашите? – чувствувам нелагодност меѓу тоа мноштво печатени страници, немоќ меѓу тие мртви и живи талентирани умни луѓе.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Му благодарам на случајот што е така печатен Достоевски...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За разлика од печатениот текст со едносмерното движење во правецот на вртењето на страниците, хипертекстот е радикално различна технологија, интерактивна и повеќегласна, која го фаворизира плурализмот на дискурсите пред дефинитивното фиксирање на текстот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Исто така, таа не е свесна за степенот до кој нејзиниот јазик е содржан не во апстрактните концепти и печатени зборови, туку во специфичното однесување на лекарите кои работат во клиниките, во нивните меѓусебни односи и разговорите со пациентите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Биле печатени на неквалитетна хартија и според тоа наречени Pulp magazines.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не е потребно да бидете професионалец за да бидете во состојба на невидено да го оцените печатениот материјал.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ова е промена што се провлекува низ целата наша култура, промена која значи оддалечување од облиците и навиките на печатена страница, во правец на “terra nova”, промена речиси во целина водена од електронските комуникации.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во овој миг ќе ве разбудам и сонливи ќе ве одведам на избиралиштето на шутови со изрезбани глави Во печатени мозоци да бидете среќни во лајна и блуежи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во развиеното конкурентско окружување во современиот пазар само ретките и храбрите непромислено се обидуваат да емитуваат телевизиски или радио спот, да објават печатен оглас, да постават пропагандно пано на автопат, да лансираат нов дизајн на амбалажата - а претходно да не извршат тестирање на креативните решенија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Печатените новински мас-медиуми ги рашируваат мемите што создаваат фабричка култура раководена од менаџери.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа уметност, ако се сфаќа како печатен материјал, има одлики на предмети во просторот; но сфатена како изведувачка, таа ги презема аспектите на процесот во времето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Конкретно, извршени се минуциозни анализи на буквите на алфабетското писмо и повеќето илјади различни форми што тие букви можат да ги имаат (во различни стилови на текст пишуван со рака, во печатен текст итн.).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Дури и пишуваните упатства што ги добиваше Винстон и од кои тој без исклучок се ослободуваше штом ќе завршеше со нив, никогаш не кажуваа, ниту навестуваа дека треба да биде извршен чин на фалсификување: референците секогаш се однесуваа на пропусти, грешки, печатни грешки или погрешни цитирања, што беше неопходно да се исправат во интерес на точноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе