планинарски (прид.)
Ни твоите планинари со нивната планинарска опрема...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Подобро кога би имале планинарска опрема.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кај потпорниот ѕид над кој се издига Планинарскиот дом Шесте чешми во еден контејнер ги изпразнија ќесите исполнети со отпадоци собрани патем - искачувајќи се по рекреативната патека.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
На самиот врв се наоѓа планинарскиот дом изграден во вид на кула, со прекрасна глетка кон градот Скопје - како што вели - од птичја перспектива!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Треба да јавиме во Планинарскиот сојуз да ги обноват.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Но, последните осум не го одвојуваше погледот од регалот каде некаде во аголот ѝ беше планинарскиот ранец, во кој во тајната преграда имаше уште едно неотворено писмо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се сети и на двете писма оставени во тајната преграда на планинарскиот ранец.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Затоа, уште многу порано од своите врсници беше вклучен во планинарскиот сојуз.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Записите, некаков вид дневник / извештај за секој поминат ден (беше моја задача тоа да го регистрирам) останаа во една пожолтена тетратка, што секако при трансформации на планинарската организација - не била сочувана, како и многу друг архивски материјали - документација од тоа далечно време.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Со примитивна планинарска опрема, недостиг на сместувачки капацитет, ама секогаш и секаде прифатени со симпатии и поддршка од месното население - патот го изодевме, ама потоа времето покажа дека нашиот труд не продолжи.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Петмина членови од Планинарското друштво “Еделвајс“ од Скопје тргнавме на поход - со необична желба - да одбележиме - со конвенционални знаци за маркација - прва македонска планинарска трансверзала: од Битола преку Пелистер, Преспа, Галичица, Охрид, Дебарца, Караорман, Бистра, Караџица со Солунска Глава, Китка, Водно - Скопје.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)