плени св.
пленик м.

плени (св.)

Децата досмрзнаа зашто често имаа слушано за некој Луман арамија како плени по Битолско и често ги гледаа своите родители како уплашено велат: „Само да не мине одовде планина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Успеал и да се здружи со некои бегови и чорбаџии што го бранеле кај битолскиот валија лажејќи го дека Луман навистина понекогаш пленел, ама и против комитите се борел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога дедото Богдан ја донесе тажната новина за неговото пленување, Анѓа беше малечка, на осум години, но цела година го плачеше и жалеше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пак му се заѕури во лицето и сакаше да го стисне за гуша, да го удави што не му го доведе детето што го зеде со себе. – Кадијата од Прилеп ги собра сите деца од Атпазар, па и нашиот Ѓелета го плени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секој предмет во него будеше јато од спомени, кои го пленуваа целиот и го правеа среќен.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пленет од белата убавина, Томче си шепотеше една бела песничка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Внимавај на распоредот, архитектонската постапка, инструментацијата, но плени се од возбудливоста и уверливоста на кажаното.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Карванџиите ги убиваа, водата ја испуштаа од мешините, храната ја поганеа, коњите и оружјето ги пленеа, а војската, иако горе, на Чауле, гладна и жедна, не смееше да се симне долу, во полето, и да ги ограбува чифлизите; нивните стопани, Турци, имаа власт и над војската.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Особено го плени една стара литографија на која убаво се гледаше како бела санска коза дои лавче!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во романот Времето на козите посебно ме плени специфичноста на балканскиот роман кој ми е познат и од други автори.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
I Уште кога се населивме крај реката, Калето ги плени нашите погледи и се всели во нашите души.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потоа, не е одвишно да се рече дека во пленувањето на женскиот пол, градоначалникот треба да ја бара осаменоста и воопшто да не ги пренесува своите дејности во гласност или во разговор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А мене во мигот ми го плени погледот голема колона мравки кои во организирана права линија се движеа низ телото на едно камено божество.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Погледот ми го плени главата на еден бункер која беше излезена од морето, а врз неа беше застанат бел галеб.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
VI Прв чекор во родната земја. Погледот го плени мамутскиот мозаик портрет на Сталин на блискиот рид.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Станувало збор за непознато девојче што го пленило моето срце.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Остана верен на обичајот, кога го плени нова идеја според неа да го смени и распоредот на книги во библиотеката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јас веќе сосема ги имав пленето сите во класот со мојата уметност на разбојот, и бидејќи изведував секакви вратоломни фигури на разбојот, бев еден вид општ херој (освен за Луција, која од инает не ми посветуваше никакво внимание; јас веќе реков дека тој инает тогаш не го сфатив онака како што требаше, како маскирана наклонетост, оти бев во бестрага чесен и неупатен во општествено верификуваните ритуали на маскирање на чувствата, па за мене инаетот значеше – инает и ништо повеќе).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Првин го пленија татковите свети книги и особено старите курани, со синикаво розовите минијатури, препишувани на рака, наредени на најгорниот рафт, Библијата, Куранот, Талмудот со Кабалата, а потоа разните метафизички трактати, сведоштва за језуитските редови, за јаничарите...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Лествичникот повторно мласкаше со долната усна во грозната тишина што настана, оти параболата што ја кажа Филозофот ги плени сите, а особено логотетот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе