побелува (несв.)
Пред тоа стоев пред перченце огледало и гледав како ми побелуваат очите од грижи, од јад заради човечката пакост, заради зашвајсуваноста на полициските срца.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Очите можеа да му прснат, бабреа и побелуваа, усните болно се збираа, чиниш ќе свирнат.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сенките се издолжуваа; пред ноќта небото неочекувано побелуваше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тропаат тасови, Реват басови, на градоначалникот косата му побелува. Ништо.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Гривата на планината далеку над нив побелуваше пред изгрејсонцето.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И така и куќите: ту ни поцрнуваат, ту ни побелуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Надвор веќе побелува земјата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Замижувам и шмркнувам од дланката ракија. Се заскрнувам, и се потстемнува и само модреам, зеленеам, побелувам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пред тоа стоев пред парченце огледало и гледав како ми побелуваат очите од грижи, од јад поради човечка пакост, поради зашвајсуваноста на полициските срца.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се скамениле градителите. Побелуваат од јад и погледнуваат во најстариот, знае тој дунѓер многу - ѕидал и за Арапите и за Кинезите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
По залезите, по последната дневна тага искажана со писок на бездомна животинка што се засолнувала меѓу лисја на гранки пред рано измитарена лисица, месечината, скаменет цвет над камен, никнувала од темниот раб на многугрблестите ридишта, поточно од самиот крај на светот: жугнувајќи од невидлива фиданка кон спокојството на височините, кон тајните на сите човечки надежи, побелувала и станувала спрложена, била лик на потаен покосник со нејасна, размачкана насмевка и изгледала дека претскажува нови неволи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Увото му побелувало од возбуда. Сѐ уште се нишала свесна за неговото мачење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И дошло времето, побелува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пукна целиот побелувајќи и се чу страотен тресок. Косата ми се наежи. Вреснав.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И додека да ги нареди зборовите во одговор Така се слуша, мори Чано, сестро моја! а снегот почнува да паѓа во пластови и набргу ги побелува сите улички.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
На времето во Хавана и ноќите побелуваа од белиот рум во „Бодегита дел медиа“ и наутро не можевме да се изначудиме каков чудак бил тој Хемингвеј штом кучињата си погребал како луѓе во дворот на куќата кај Хавана од каде пак, ако го опули морето, секој си понесува (за спомен и долго сеќавање) макар едно бранче од приказната за старецот и морето.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Далеку побелуваат врвовите на планините. Бледо надоаѓа зора.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)