поглавје (ср.)
Сообраќајот, уличниот сообраќај, она движење што се одвива во Инстанбул со луксузни, патнички или товарни коли е поглавје само за себе, кое овој град го разликува од многу други.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Можеше да почне со третото поглавје на Големата Книга.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
- Во потопот и вашите болви ќе се издават, претскажувал старецот со вражалски ќесички под очите, едното поголемо од другото како што е поголем потпланински бадем од семка на слива; навистина оние четворица со клокотави грла за малку не умреле од незапирливо смеење, се тркалале по млада трева слични на пеливани што се борат со своите сенки, наеднаш половина дружина да попаѓа од стомачен кикот кога оној Филип Макариев го прашал со детска наивност вториот Нојо што ќе се случи ако нивните болви се удават со него а сите други ако останат во големо корито со неговите болвички, црни и скокливи внучиња со Симон-Наконтикова крв на невидливите цицалки - Ќе се давите и ќе подавате раце да ми се фатите за учкуров, ама - на! завлекол рака в појас Симон Наконтик; капнувале од невидено смеење не знаејќи ги бара ли тој болвите под гаќи да ги стисне в рака и да ги спаси од поројните води што ќе ги покријат и Содома и Гомора на вилаетот или заканувачки сака да им го покаже учкурот за кој со задоцнето јунаштво на машкоста им раскажува нови библиски поглавија; од утробата му 'ртел плач.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Татко ми поттикнат од потрагата по одговорот на прашањето што го бараше Чанга – зошто ги убиваат козите, беше готов да напише ново поглавје за својата замислена книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Новото поглавје требаше да се однесува на митот на балканското самоуништување, познат и како синдром на ликвидации од кој не беше ослободен ниту еден од балканските народи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ширината на зафатот е толку голема што се чини, дека со една малку позадлабочена анализа, авторот би можел од секое поглавје да изработи по една книга.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Првите три поглавја на Серловата студија содржат критика на доминантните погледи во филозофијата на умот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ова поглавје е добро сумирање на голем дел од ваквиот феминистички труд.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Аполинер во 1912. г. го напиша првото поглавје од колективниот роман (кој требаше да биде напишан во соработка со уште шест писатели), под наслов The Tainbow (Виножито); на делото Apolinere Enameled, на пример, девојчето го бои врвот на креветот со боите на виножитото.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не можам сепак да не забележам како оние што ги величаат овие поглавја повторно величаат само една алка сред романсиерската традиција, во внатрешноста на познатото и правоверно подрачје.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во своите (за книжевно-историското истражување на маниризмот) преломни истражувања (поглавјето за маниризам во Европската книжевност и латинскиот среден век, 1953.) Курциус предлага изразот маниризам да се одбере за сите „книжевни тенденции спротивставени на класиката, без оглед на тоа дали ѝ претходат на некоја класика, или ја следат или се временски синхрони“.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Стрес тест, тест за алергии, тест за рефлекси, текст за капацитет на белите дробови (дував во жолти балони сѐ додека не пукнаа, потоа во една машина со големина на Хамондовите оргули), рендген, броење на спермата, и густо отчукан прашалник на дваесет и четири страници со поглавја за анализа на соништа, генеалогија, логика и заклучување.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во споредба со студените реконструкции на Феликс Гмелин, бруталниот чин на Бренер изгледа како регресија кон веќе застарено поглавје од историјата на уметноста, а невкусната одбрана на Полити ми изгледа малку повеќе отколку празните соништа на старецот за повторно добиениот радикализам.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Списокот на авторите кои со оваа тема отворија ново поглавје во уметноста е голем, но просторот што овде го имаме е премал за да може да ги опфати баш сите значајни имиња (а и ги има многу).
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Наеднаш, како што човек прави понекогаш со книга за која знае дека ќе ја прочита и препрочита секоја нејзина страница, ја отвори на друго место и се најде кај третото поглавје.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Првото поглавје, исто како и третото, не му кажаа практично ништо што тој не го знаеше, тие само го систематизираа знаењето што веќе го поседуваше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Секоја напишана буква стануваше поглавје.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тој не можеше никогаш да го замисли вистинското завршување на оваа голема книга без Мајкините директни записи од животот, од спасувањето на семејство, од неговото провлекување низ урнатините на империите за кои Татко пишуваше големи поглавја, за нивната величина, но и за нивните падови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Секое минување на границата може да се раскаже како посебно поглавје дека таа беше толку силно задржана во нас... На обете страни...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се прашува ли уште, дали Тората ќе се пишува одново или ќе се продолжи со едно ново, неизвесно поглавје? О, Hashano!
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)