подеднаков прид.

подеднаков (прид.)

Поштарот не почука веднаш, постоја пред големата порта засводена со четвртасти подеднакви по димензии блокови делкан песочански камен.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стариот Тиријц, чија жед по жена и во стотата била подеднаква на онаа кај вжештениот младич, јаделе месо (секако вкусно зачинето) токму од таков змиски мажјак, отепан во момент на најжестока јарост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сите народи имаа совршени оружја во подеднакви количества.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Овие три етапи можеме да ги проследиме во развитокот на детективскиот роман: класичниот англиски роман на „логика и дедукција“ е сѐ уште сврзан со протестантската етика, меѓутоа американскиот „тврд (hard-boiled)“ роман имплицира пропаѓање на протестантската етика и пораст на „хетерономната“, кон-другите-насочена индивидуа; повоениот „злосторнички роман“ напишан од перспектива на жртвата или на извршителот ја вмешува субјективната позиција на „патолошкиот Нарцис“, изопштеник за кого темелниот социјален Закон се нивелира на рамниште на незадолжителното „социјално правило” - „Не убивај!“ има подеднаква вредност како и „Не го повишувај гласот во друштво!“ и другите правила на убавото однесување што ги кршиме затоа што „некојпат не може поинаку”; така, Thomas Ripley, ликот од серијата на романи на Patricia Highsmith убива ако е тоа потребно, и по убиството нему навистина му е лошо зашто морал да биде толку груб...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со подеднаква леснотија ги фаќаат предметите со долги пипала како што би ги фаќале со раце.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Само така можеме да разбереме дека некои ја негираат масовната култура и забава во име на 'високата култура' со подеднаква непопустливост како и Црквата што некогаш ја осуди таа иста култура во име на „светата вера“, и дека на моменталните успеси им го даваат за пример бесмртниот Racine и Monteverdi и при тоа ризикуваат тие великани да ги осамат во царството на совршеноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така посматрана, „културата“ не е нешто што нужно се врзува за хуманистичките дисциплини, па според тоа менаџерот во банка и цариникот во подеднаква мера се културни луѓе (...) Во краен случај, културата претставува поседување на знаења во секоја смисла (...) Во демократските аспекти, ова дава аргумент за дифузија на културата меѓу пониските општествени слоеви.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тука нема подеднаков пристап, тука нема неутрален став, тука нема правда...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Гого го остави домарот да го разбере како што сака, па побрза да се оддаде на подготовките за сликање: чардакот не го фаќаше ни утринско ни вечерно сонце, а цело време беше под една подеднаква дневна светлина, како стокмен токму за сликање, а не за славење, како идеално ателје.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога велам дребулии со подеднаква сериозност мислам и на мечтаењата при отворени очи како и на другине што ви протрчале само низ градините на сонот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Меѓу другото и таа беше „со обврски“, што укажуваше на нивната подеднаква заинтересираност за дискреција.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Нејзиното евоцирано однесување ме натера да го отфрлам цврсто мазохизмот како причина за својата подеднаква индиферентност кон желбата да се поднесува, но и да се возвраќа на сечија агресорска практика.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Гласот на бабите од 90 години у Сарамзалино и Свирипичино е подеднаков со гласот на еден невработен магистер у Скопје.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И во добротворните кујни (имаретите), кои обично се наоѓале покрај поголемите џамии, а во кои се добивала бесплатна храна и преноќиште често престојувале и христијани со подеднаков третман како и муслиманите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така врз гробот на св. Наум, крај Охридското Езеро, со подеднаков пиетет и вознес се поклонувале и христијани и муслимани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)