подлаже (св.)
Во еден момент ногата го подлага, но на време се фати за една копачка. Се додржа некако.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Кршка лево, кршка десно, ги подлажува дека се вратил кон Градешница, но сега загарите не се подлажуваа со лисичината опашка, бидејќи и селаните правилно ги известуваа за Толевото движење, та не го оставаа ни да се издише.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На сѐ така, полека се навикнуваш, небаре подлажано цвеќе од топло време.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Те подлажува и те мачи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Некој ќе нѐ подлаже: Ете, онаму, зад шумава, има од вашите, а оттаму, одзад шумата ќе нè дочекаат Црвените. И тоа со вкрстен оган!“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тоа го охрабри, или го насочи, или го поттикна, или просто го подлажа да напише еден драмски текст, од кој театарските уметници толку се изненадија што дури и се намуртија, па одвај се најде некој почетник режисер да го постави на една провинциска сцена, некогашна коњушница на некогашна касарна, што живуркаше со половина душа, одвај собирајќи премиерска публика, а не пак да собере некој денар за авторски хонорар.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
О, собери го семето расеано по светот
на сите четири, шест исконски страни
макар подлажи го дека има
каде да се врати!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)