подмлади (св.)
Откако дојде Доста тој некако се подмлади.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но утредента пак станувам пробуден од сонцето што далгите на сонот ги подмладува, па не знам дали од љубов или од омраза со таа младост за сѐ ме наградува.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Лицето му се подмлади, забите станаа побели и посветкави, и тој, во сладок занес, ги склопи очите, свечено носејќи ја во себе скриената болка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И ние, дојдени од различни места, го ружиме и, во исто време, го разубавуваме и подмладуваме овој град. Овој наш град.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Добитокот се подмладувал; крастите на шиите им зараснувале од треварски мелеми и од церовита топлина на човечка љубов.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Им се сторило дека и земјата под нив се подмладува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да се подмлади ли пред нив со раскажување за Негушкото востание од кое, и со негова заслуга, се тргнала од слатка дремка султанската земја во која везирите и пашите, не само Лобуд и Јанински туку и сите други што не ги знаеле, помодрувале?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ах, тој молив, човек во човека, со кој единствено ги споделував магиите и тајните за песната и кој бележејќи ја песната - сѐ повеќе ме подмладуваше, сѐ дури и од неговата лична судбина не осознав дека никогаш иднината не треба да ја поврзуваш со себеси.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)