подреди св.

подреди (св.)

(Кумот оди во брачната соба, ги зима Антица и Николаќија и ги донесува во салонот каде подредува оро: тој прв оти Антица, Николаќи, Василка, старосватот, деверот...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Осветлен со зрак среќа занесено подредуваше влажни глисти во тркалезната кутија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Потем и двајцата ги насадија во празни кутии од конзерви, ги навадија и внимателно ги подредија.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
До пред малку мислеше дека ќе ја сочува во себе онаа зафатеност и ќе може да ги посреди малку лостовите, со кои кога ќе му дојде време требаше да ги носи и да ги наместува трупците, намалувајќи ја нивната тежина; мислеше дека ќе најде во себе желба да ги подреди и нив така, за еднаш кога ќе биде потребно, да може само со еден дофат, со едно движење, да ги покрене и да ги намести.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ беше така подредено кај тоа старче, што Змејко можеше зад секој негов гест да ја насети онаа негова чкулава рачичка како влече полека, како глувче, кон себе, кон себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Вие господски сте се подредиле! - рече Евто. - Имате и електрика токму како в град.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тука е сѐ подредено, уредено и чисто, како сиот град да е една куќа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Едниот дел на таванот беше подреден со книги од татко му и предмети што преостанаа од лабораторијата, масиче за читање и пишување, троножно столче, сламена постела за лежење, фенерче обесено на гредата, чоколадни сликичиња на глумци закачени со патенти по гредичињата, големо огледало од подот до покривот, потпрено до еден дирек, кое најмногу и го привлече вниманието на Злата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тоа значи дека јас со Хајдегер воопшто не го делам одреденото снижување на вредностите, одреденото подредување на научното или техничкото.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Низ историјата формалното мислење му било подредено на процесуалното и дури со почетокот на новото доба тоа истапува како „аналитичка геометрија“, т.е. како во бројки укодирани геометриски форми.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Дали се работеше за заговор да се умртви душата на народот, односно разобличи неговиот идентитет, од некоја друга над Централа, на која слепо и немо му беше подредена овдешната под Централа, која сега по излегувањето од прегратката „на големиот брат”, се гушеше од самата себе.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но ако е тоа во состојба целосно, тотално да се подреди, ако може да се ослободи од својот идентитет, ако може да се соедини себеси со Партијата така што самото да стане Партијата, тогаш тоа станува семоќно и бесмртно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ требаше да им биде подредено. ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Смирува тоа, о бедни, кога подредуваш нешто што опаку е поставено, неприродно, од безредие ред кога сочинуваш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како што гледате манастирот е изграден од камен и тули што се подредени мошне вешто, во стил на средновековните градители, подредени украсно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Што мајстори испречекав и наранив додека да се прередат керамидите, додека да се исчистат ѕидовите од големата соба и наново да се малтерисаат, додека да се подреди со штици чардакот, да се направат нови пармаци, да се заменат искршените стакла на прозорците.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Под носот, устата никако не му се затвори, за целото време ја држеше во полунакривена насмевка, та му се гледаа забите, за чудо бели, па и добро подредени.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги подредуваа така што меѓу нив ставаа саксии со папрат и аспарагус, зашто сарделите зимно време не вегетираат, па ќе бидат засолнети со зеленилото од папратта и аспарагусот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Подредувањето на „Две тишини“ во пет вокалски раздели е атак врз „зададената“ хетерогеност на оваа „Париска тетратка“ пишувана во март и април годинава во период кога на болеста која пустоши низ телото на поетот, ѝ се одѕива единствено песната која пустоши низ душата на поетот, собирајќи данок од премолченото, потиснуваното, недоизреченото, скриеното...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Прво, требаше да се исфрлат непотребните предмети, па потребните да се подредат по некоја логика: според нивната намена и намената и капацитетот на просториите и мебелот и, по можност, според барањата на естетиката, иако таа е веќе во голема мера задоволена ако е задоволен предходниот критериум, оти убавото во домот го прави пред сѐ чувството дека е по човечка мера.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе