поколеба св.

поколеба (св.)

Кога Ангеле успеа вака да ги поколеба и Бошка и жена си, го остави својот филџан настрана, го тргна и Бошковиот и му се сврте.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пеце малку се поколеба, но сепак стана. - И ќе испијам, - рече.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Сигурно се поколебале...“ Помисли Панде и сосема се олади.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Една остра морница се надигна од неговите петици и му го поколеба стојалиштето ползувајќи го сиот, а после се собра во неговите вилици и тука го склешти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Денот беше сиот затнат од тој магличав, густ врнеж, само тоа нив тројца ниеднаш не ги натера да се подвоумат и да се поколебаат во својата зачекореност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш собирот се поколеба во своето истечување натаму.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се поколебаа малку, но во темницата во којашто се најдоа не можеа да смислат ништо друго освен да си легнат да спијат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Оздола од патот го здогледаа сењакот на Алекса Ѕвездин па се поколебаа дали да се засолнат под него, ама сфатија дека сега веќе кога се живо топило, а на неколку чекори од дома, нема смисла да се задржуваат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— Кој знае! — се чуди Крсте и ја врти главата, ама и него го поколеба народната поговорка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакав да ѝ пишам на Агна, но се поколебав. Што да ѝ пишам?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Едо се чувствува предизвикан, но и поколебан.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Послабиот милиционер од длабочината на џебот го извлече клучето од лисиците, му ги ослободи рацете на Брзакот кој потоа се поколеба, за момент ги преврте очите нагоре, се прекрсти и седна на предниот стол, но со претходно големо двоумење и загледување како да не верува дека му е понудена столица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не дозволувајте да ве поколебаат, издржете во вербата своја и во страдањата, па и тогаш кога ве навредуваат, кога ве прогонуваат, кога ви го одрекуваат она што е ваше!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Носачите на сандакот малку се поколебаа и подзапреа, зашто кон нив се тркалаше голема група народ, викајќи и пеејќи алилуја.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се појави Лена. Ми се стори, без брзање, и туку плесна два-три пати со дланките и прибрано изговори, мирен Гаро, на што ѕверот, за чудо, се поколеба, се заврте лево-десно, а опашката и застреланите уши му се олабавија.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ништо не можеше да ја поколеба во одлуката.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Упорно чекаше таа да се појави со некоја постапка којашто ќе го поколеба во неговите сомневања.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во првиот миг сакаше да се врати, ама се поколеба во намерата, забради црна шамија и со срцето стегнато во грутка, појде дома со наведната глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)