полева несв.

полева (несв.)

Гоце лежеше и ја полеваше со својата врела крв својата поробена земја.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Земјата, мајчица наша, раѓа. Плодна е и богата. Со врела пот ја полеваме, но за кого?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Нели ќе одевме да ја полеваме пченката?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На чардакот, на другата страна на улицата, Утринум, во иста доба, тихо си пееше жена И ги полеваше цвеќињата во саксиите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Лете Ристос си игра со дечињата во дворот Полни ведро од бунарот Ги полева како цвеќенца другарчињата Навечер собира светулки со нив И се тркала низ покосената ливада А кога ќе заспие во тревата Кога ќе порасне во сонот Кога ќе заприлега на момче Од ридовите на летната ноќ Ќе се покаже Дева Марија За да си го прибере Исуса И го засолни Во ѕвездената постела на светото писмо Ние така заспани во трева И не ја видовме белата шамија во која беа завиткани клинци И не чувме како одѕива во ноќта Некој дури ни го ковеше крстот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Потоа ќе влезеше дома и долго на балконот Го полеваше цвеќето, ги забришуваше неговите листенца И на крајот ќе седнеше да испие кафе со младата домаќинка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Откако се полил со желе - за да го означи враќањето во флуидната состојба - и неподвижно, како да е мртов, стоел околу половина час, Бојс влегол во кадата наполнета со вода и се полевал со неа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неговата уста и понатаму е отворена, но очите отсутно гледаат низ прозорецот од спалната во прскалките што ја полеваат тревата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ќе имаше кој да те полева наутро, да ти го прифаќа кожениот качкет кога го симнуваш од главата“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дека оној човек, кој ги полева леандрите во дворот, не е татко ти туку некој негов двојник кој доаѓа да го замени додека да се врати од неговите патешествија, ако воопшто некогаш се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Доаѓаа соночетци, вампирџии, одгатнувачи на магии, ме полеваа со светена вода, ме редеа со камчиња и икони, гореа над мене партали и конци, бдееја и пееја молитви, но никако да ме разбудат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Потсетувањето на настанот ја наполни со болка и набрзина ја забриша Пела и ја стави да спие, а таа се врати во бањата и долго стоеше под тушот полевајќи се само со студена вода!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не туку-така секое утро настојував да се најдам покрај бунарот за да можам да му полевам на момчето да се исплиска со студената вода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Обично бабите од населба си пиеја кафе една кај друга, но бабите на Дора и Ане само љубезно си велеа „добар ден“ или „добро утро“ кога врвот од главите ќе им се ѕирнеше од зад живата ограда што ги делеше нивните дворови додека ги простираа чергите или ги полеваа цвеќињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го следи градењето на вториот Храм по ослободувањето од вавилонското ропство и првиот обред на либидација, на полевањето со вода на жртвеникот, изразот на желбата за добра дождовна сезона и богат род на полињата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тука, во Света Недела, не им е згаснат споменот; го чуваат и своите корени ги полеваат со изворска македонска вода...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Блиску до играчката- воденица за мелење на жито се наоѓаше дрвена кутија обоена зелено во која го чуваше цревото за полевање за да го заштити од сонцето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
4. кога се враќав од јапонија не можев а да не кршнам малку од истокот понаисток а понаисток се вика кјото како што поназапад се вика токио понаисток некако е потопло во просторот на насмевката понаисток резниња тишина се лулеат на небото а и сонцето е некако поинакво наутро весело од изгревање напладне клапнато бара сенка за отпочин од толку многу изгревања и од толку многу запнувања на златниот и на сребрениот храм во кјото секогаш да им се позајми повеќе блесок да не би да се луѓосаат и да подгрбават да зарѓават а да бидат уште живи како што им се случува на мнозина кои и не забележуваат дека одамна им се скинале пантолоните на времето во кои се навреле којзнае кога којзнае како и којзнае зошто пред храмовите на кјото дурлат води отежнати од историски искушенија дурли во водите без омекнувач меката душа на градот во водите пред храмовите во кјото птиците парадно се огледуваат па потем не може да се изнагракаат од среќа отшто во воденото огледало биле толку лични прелични во водите прд храмовите на кјото има и многу меурчиња од последниот здив на исчезнатите има и меурчиња од празни зборови има и удавени тешки зборови и не се знае какви тешки метали од зовриените води пред храмовите на кјото се прави најубав јапонски чај од јасмин на пример кој се срка додека на телевизија врват најновите вести а на врв вести ново биро за изгубени работи и едночудо ослепени од толку зјапање во иднината на дното на вестите празнина како на дното на зеленото шише од изглоканата вода макаршто вестите на телевизија секаде се есапат како канти за полевање на заблудите кога се враќав од јапонија многу ќе згрешев ако не кршнев малку од исток понаисток и ако не се поздравев со калиграфите кои приклаваат секој колку што може во ќуповите во кои се варди душата на градот тие приклавај други отклавај тие зелен спокој другите црн неспокој и едните и другите петпари не даваат кога се разминуваат со рикшаџиите како со жива теглечка сила за кои веќе нема сенки под искастрените гранки на старите дрва а не им е ни предодредено да се пробијат до првите редови од каде што најубаво се гледа најубавата кабуки танчерка понекогаш на рикшаџиите им потекуваат од очи глазирани зрна ориз веќе наизуст ги научија говорите на сите политички и еколошки митинзи и ним како и на говорантите отшто се толку дотерани како за на кадро никој не им верува колку мака си теглат за вечер да каснат едно обично ќофте и да отсонуваат една голема топка сладолед од ванила.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Секоја вечер ја полевав со вода и ѝ пеев за да биде листеста и зелена, како божем ми е некое милениче.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)