полнолетство (ср.)
Несомнената драматика на свршетокот: шиштењето на воздухот од хармониумот што ја проследува туберкулозната песна на Ѓорѓи, и стакленото око на неговата верна, несакана сопруга, што реско се тркала на подот, барокно ја украсувам со паралела од книгата прочитана попладнево: - Во сценска смисла, чувствувам дека тоа беше постепена смрт од највисок ред, како самоубиството на Потоцки, кој, самиот излеа куршум од златната дршка на шеќерникот, подарокот од мајка му за полнолетството, го благослови во домашната капеличка и осамувајќи се во библиотеката, со него си го разнесе мозокот. – Ужасно.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Па сепак, тоа беше најслаткото кафе испиено на изгрејсонце, второ во мојот живот, бидејќи првото го бев испила на моето полнолетство, како матурантка.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
За миг се сети на денот на своето полнолетство, на дувањето на свеќите и првата желба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Другарчињата се подбиваа со Горан и Бобан додека беа мали, а подоцна им завидуваа, кога Роска за полнолетство ги „бркаше“ со клучеви од кола, а за среќен брак со коверта во која стоеше адресата на подарениот стан.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)