полномошник (м.)
Полномошник на странката може да биде: 1) адвокат; 2) лице дипломиран правник кое со странката е во работен однос и 3) роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен другар – доколку е потполно деловно способен (чл. 81, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Странката го издава полномошното [mandatum] писмено или усно на записник во судот и таа може во секое време да го отповика полномошното, а полномошникот може во секое време да го откаже полномошното. (чл. 88, ст.1 и чл. 90, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А подоцна, по иницирањето на ваквата постапка, тој и работниците кои останаа без работа беа застапувани од полномошници надвор од синдикатот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)