помама (ж.)
Потоа го потфати блокот од двете страни одоздола (Ѝ ги протна рацете под плешките од што нејзе дојките ѝ се подадоа кон него принабрекнати!...) и се загледа во предизвикот што му го сугерираше зелената страница пред него (Се почувствува пред помама што како да го исплаши дека ќе сврши предвреме!...).
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Од една страна помамата понеа во мене беше разбудена до подивување, а од друг ми беше јасно дека тоа ќе ми биде пуста желба што ќе ме измачува.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога авторот ги препрочита редовите што се однесуваат на неговата средовечна помама, кога увиде колку се исцедени од романтично видување на една жена, си рече, Старееш, старееш, авторе.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)