помуабети (св.)
И покрај машинската прецизност, операцијата имаше извесна доза на неформалност: речиси никој не носеше капа, полковници и мајори застануваа да си помуабетат со санитарците.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
По радио јавија дека пожарот на Вардариште успешно е локализиран“ рече една од трите баби кои излегоа да си поседат пред влезот и да си помуабетат - небаре се седнати пред порти во некој далечен сокак од нивната младост.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Алајко и Миро си ги собраа тефтерите, ги затворија чантите, законите, уредбите, наредбите, алинеите, помуабетија и се подготвија за пат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ќе помуабетиме, ќе се изнасмееме, а може да падне и песна.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Оти песната е талкач Верен придружник и соговорник од патеките на умот Ака по беспатици а штом ќе пристигне дома Прошетува по одајата со погледот на домакинката тргната да го крене пердето за да помуабети со Ѕвездите.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Помуабетивме малку, разменивме информации.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Да си помуабетиме и да ѝ донесам да јаде нешто.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
- Добро, тогаш, ѝ реков... нека заврши прегледот, па ќе дојдам, ќе ти донесам нешто убаво да си каснеш, ќе си помуабетиме, па ќе видиме што понатаму.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)