поназад (прил.)
Србите го поддржуваа да не останат поназад од Бугарите; но да беа српските интереси така врзани со востанието, тогаш Србите стопати ќе ѝ објавеа досега војна на Турција без да чекаат од некаде помош, без да гледаат дали ќе биде излезот за нив благопријатен или не. – Бугарите хранат обездомени Македонци, но истото го прават и Србите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Литературните обиди на македонските пишувачи во XIX век, за жал, немаа такво значење за да добијат следбеници, затоа ако и сега во XX в. гледаме некои обиди да се пишува на македонски, тоа не се прави свесно и од некакви патриотски влечења и цели, ами само за забава; 159 Во тоа се состои разликата на нашата, т.е. македонската духовно-национална преродба од онаа на другите православни словенски народи, со други зборови: како што понапред ние постепено и први се просветувавме со христијанството и со писмото, а другите Словени – по нас и набрзина, така пак сега, во времето кога сите православни Словени постепено си изработија свои литературни јазици, свои богати литератури и постепено изработени правописи, ние остануваме поназад од сите, тукуречи без литературни традиции – не затоа што ги немаме, а зашто го забораваме своето изучувајќи го туѓото.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Стале облетува околу отец Арсенија, го служи и кога овој не заповеда, а и својата редовна работа околу авурот, воловите, коњите, кравите не ја остава поназад.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ги приспотна гламните, ги помести малку поназад во огништето, па го распрета топлиот жар.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Толе и другите го слушнаа неговиот пригушен глас — скоро шепот — „Али, Муто, ѓел, ѓел, чабук, ич бише јок (Алија, Муто, ајде, ајде бргу, ништо нема) Тие што беа поназад се исправија слободно и тргнаа со мало растојание, едниот понапред другиот поназад.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За Југославија, ми велат, оди уште поназад.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Е, нема уште поназад, велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И зад таа магличка им се закриваат лицата, им одат негде поназад.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Димитар Керамичиев, Спасе Аврамовски, Кицо Нушков, клас поназад, си дозволија, преку дворот на ресторанот, од едно џепче во кое гледаше едно прозорче од задното крило на гимназијата, да ни уфрлат рачна бомба додека раководството на активот држеше состанок.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И колку си поназад толку е поголема правта низ која треба да поминеш.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Часовникот на возачот на автобусот, во тоа сум 95 насто сигурен, е за 4 минути и 15 секунди поназад, па тој спокојно, на перонот пред автобусот, си го пие ладното „скопско“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Другите бегалци од зградата, целата толпа, чекор два поназад.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Од едната страна екранот, мароканската жега, пареата на амамот, а од другата страна здивот на Симона некаде на околу едно метро в косо поназад од мене.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Кога ги збрка полицијата, тој се најде меѓу првите редови во бегањето, но беше слабичок и истоштен, и сѐ повеќе
заостануваше, не ги разликуваше лицата, гледаше само како безброј нозе го заминуваат, го сечат некако грубо неговиот чекор, и тој останува сѐ поназад и поназад.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)