понизок прид.

понизок (прид.)

Утредента, откако го ловеа, или по една година, не знаеше кога дојде тој час, го посетија двајца болничари и му открија дека челата им се пониски отколку што мислеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Ха, ха, ха, - продолжуваше Претседателот. Беше тоа едно јадро човечиште, само за неколку прста понизок од Змејка, со широки раменици и со нешто несигурно сковано и на еден чуден начин колебливо во секоја црта од неговото лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Патот беше понизок од меѓите и луѓето не се гледаа цели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Помлад и за една глава понизок од брата си, но многу поплеќест и молчалив, се чинеше и многу поопасен од него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, зашто беше таков, гол и премачкан со шарлаган, нешто што беше и срамно понижувачко, со наведната глава, а Исо, за цела глава понизок од Лазора, но многу поплеќест и подебел, речиси гргулест, ги креваше рацете над глава, плескаше со нив, се вртеше во круг и извикуваше борбено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Вештина“ би имплицирало и нешто понизок статус од „уметност“ сугерирајќи на аматерство, додека „наука“ би можело да алудира на механистички приод и да го омаловажи мислењето за преведувањето како креативен процес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа нова положба исто така пренасочува кон размислата за природата на осознавањето, неговите специфики и историчност, посебно поради тоа што постмодернистичката дилема и пресврт (замена на парадигмата) со право го релативизираат семоќниот дух (ум), неговиот непосреден примат над сетилното и (по општите претстави) од понизок ред сетилно осознавање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Голдштајн го изговараше својот вообичаен отровен напад врз доктрините на Партијата - напад толку изнасилен и перверзен, што дури и дете можеше да го проѕре, а сепак доволно веројатен за да го исполни слушателот со неспокојно чувство дека другите луѓе, на пониско ниво од него самиот, би можеле да му поверуваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Министерството требаше не само да ги задоволува многукратните потреби на Партијата, туку да ја повторува целата операција и на еден понизок степен, за потребите на пролетеријатот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Даскалов се насмеа и ми подрече дека сум бил добар измислувач на утврдени природни појави и дека сум одличен изведувач на експерименти за децата од пониските одделенија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ѕидот што беше го ѕидал Симон додека таму беше Лена, се познаваше од далечината, наместа повисок, а на други места понизок, недозавршен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Симон висок, танок, исправен на долгите нозе, а Борко понизок, во костум, со потемна коса и енергично лице.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој беше полн со златни резерви, се колебаше дали да се ослободи од нив, продавајќи ги, а поради тоа што продажната цена на златото беше пониска од набавната, неговите пресметки покажуваа знаци на банкрот, па бидејќи долгот кон ортакот достигна висока сума, за Еразмо не остануваше речиси ништо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Имено, таа од 1997 година престанува да се води при секое засновање работен однос (наместо претходната одредба која пропишуваше вработување на неопределено време со полно работно време), при потполно губење на работната способност (наместо претходно непрецизираното губење на работна способност), при нејавување на покана од Заводот од неоправдани причини (во 1987 година условот беше двапати едно по друго да не се јави на покана да учествува на конкурс или оглас за вработување, без да извести за причините за тоа нејавување) и при започнување со земјоделска, сточарска или друга дејност од која се остварува приход во семејството кој просечно месечно не е понизок од просечната плата по работник во стопанството (наместо претходната одредба која бараше земјоделството да биде единствено или основно занимање на даден поединец за тој да биде избришан од евиденцијата).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како нови основи фигурираат: а) одбивањето вработување со полно или скратено работно време, кое не е помало од половината од полното работно време, а е соодветно на образованието, знаењето и можностите на невработеното лице; б) прекинувањето на обука, преквалификација или доквалификација по вина на невработеното лице; в) исполнувањето услови 72 за стекнување право на пензија (покрај веќе постоечката основа која предвидува остварување право на пензија); г) затекнувањето на работа кај работодавец од страна на надлежен орган; д) неоправданото одбивање привремено вработување во исклучителни случаи (поплави, земјотреси, неопходно извршување на земјоделски работи и слично); ѓ) одбивањето работно ангажирање за вршење на јавни работи; е) одбивањето вработување на работно место за кое се бара пониска стручна подготовка од онаа на невработеното лице, а ако тоа, непосредно пред да остане невработено, со своја согласност, работело на такво работно место или изјавило дека прифаќа вработување и на понизок степен на стручна подготовка; ж) нејавувањето на покана на Заводот за вработување од неоправдани причини; з) небарањето активно работа во последниот месец и ѕ) неизвестувањето на Заводот во рок од осум дена за секоја промена која е услов или основа за стекнување, остварување или губење на правото на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
1. Распоредување работник Со ЗРО (2005) беше избришана поранешната појаснувачка одредба којашто велеше дека работник кој, и без негова согласност, привремено – значи не подолго од 60 дена, бил распореден на работно место за кое се бара понизок степен на стручна подготовка поради „исклучителни околности“ – има право на личен доход што би го остварил кога би ја вршел својата работа, доколку тоа е поповолно за него (чл. 10 од ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тие, нашите, со пониските чинови, тука се, а тие со големите чинови кои никогаш не биле ранети во бој, си отидоа дома, во Грција.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како еден од најупотребуваните се смета џиткањето од зграда кое секогаш завршува со фатални последици освен доколку не намеравате да се фрлите од понизок кат па наместо да ја исполните намерата која сте ја замислиле, да се каете што сте останале инвалид со скршени нозе и ребра.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ако му се случеше да биде со некој рамен на себе, уште и можеше да мине како човек на место, мошне честит, во многу нешта дури и доста умен; но штом ќе му се случеше да биде во друштво каде што има некој макар со еден чин понизок од него, тогаш тој стануваше просто за никаде: молчеше, и неговата положба просто предизвикуваше сожалување, дотолку повеќе што и самиот чувствуваше дека би можел да си го помине времето неспоредливо поубаво.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не е поголема вистина тоа што, во физиката, големите тела потешко се придвижуваат од помалите и што нивниот momentum7 е пропорционален на таа тешкотија, од вистината дека, во метафизиката, умовите со поголеми можности макар што се посилни, постабилни и повлијателни во своето дејствување од умовите со понизок ранг – сепак потешко се сподвижуваат, збркани и полни со колебање во првите неколку чекори од своето придвижување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе