популација (ж.)
Нациите и државите сега претставуваат збир на различни популации.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Основните димензии можат, значи, да се посматраат и како доминантни координати на вредносните определби во популацијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Денес 90% од возрасната популација консумира алкохол и, покрај забраната со закон, познато е дека 60% од децата помеѓу 13 и 17 год. купуваат алкохол, и околу една третина од истата група консумираат алкохол барем еднаш неделно, иако се работи за мали количества и дома.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но, во многу земји огромен дел од популацијата ќе биде потполно вон случувањата во оваа сфера.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во доцните шеесетти, на елитата одговорна за „контрола на популацијата” стана јасно дека финансиски веќе не се исплати да ги ставаат луѓето во тнр. „дупки” и таму да ги класифицираат во фиоки.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Градот е премногу голем, мегалополисите на деветнаесеттиот век и нивната хетерогена урбана популација бараат сложен, тежок поетички израз, а не проѕирност, леснотија и спокојство.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Благодарение на овие промени на нормите низ човековата популација се развиваат сите наши јазици.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Докинс (Dawkins) го предложи зборот „меми“ за да ги опише овие авто-реплицирачки идеи што се шират низ популацијата, предизвикувајќи културални мутации.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тимоти Лири НОВА РАСА Memis: Само-реплицирачки идеи кои се шират меѓу хуманата популација, предизвикувајќи културални мутации. Neoteny: (1) Достигнување на напредна функционална зрелост уште во стадиумот на ларва; (2) задржување на оптималните за опстанок ларвични или недозреани карактеристики во возрасниот период, одбивање да се престане со растењето, проширување на развојниот период.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Повеќето луѓе низ историјата живееле во мали рурални населби, но кон средината на дваесеттиот век процентот на урбано население нагло расте и урбаната популација опфаќа половина човештво.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Кулик така е заговорник на нова агрокултурна револуција, која ќе донесе нова симбиоза помеѓу човекот и животното; тој сака да ја ограничи човечката популација на третина од сегашниот број за да се воспостави нова рамнотежа во биосферата; но, посебно, тој сака да ги поттикне истражувањата на психологијата на животните кои би резултирале со нов дијалог меѓу животните и човечките суштества.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Вие сте популација во фаза на растење, а растењето бара здрава средина!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Штип технички му се допаѓа повеќе, местото е помало, помирно, полесно за обработка зашто се работи за неколку стотини лица од критичната популација.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Високите кругови на глобализацијата се карактеризираат со мобилност на висококвалификувана работна сила, дигитална размена и децентрализација на производството; во исто време, протокот на глобалниот капитал бара инфраструктурата да биде централизирана во глобалните градови со голема популација на нискоквалификувани работници кои се потребни за опслужување на инфраструктурата.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
И решија тие, (ма не се работи за џуџиња) човечуљците да ја направат својата експедиција на големата преселба од другата страна на автопатот, токму во недела, кога нема толку многу движење, затоа што некој можеше да биде повреден или не дај боже да загине, а и така нивната популација беше пред изумирање.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Две години потоа, со носењето на новиот ЗРО (2005), беа дополнети одредени „празнини“ во доменот на антидискриминацијата кои ги имаше во претходниот Закон: а) воведена е дистинкција на директна и индиректна дискриминација (чл. 7, ЗРО/05), 15 а листата на егземпларно наброени случаи на дискриминација е проширена и за онаа дискриминација којашто се врши по основ на „полова насоченост“ (т.е. хомосексуалци или т.н. LGBT популација) – чл. 6, ЗРО/05.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Предговор Првиот антологиски избор од светскиот расказ Црни овци (Скопје, издание на Детска радост од 1996 година) беше подготвен првенствено за младата популација.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не знам дали нашава млада популација слушнала дека јазикот, особено мајчиниот, треба да се знае, за да се чува чист и секогаш подготвен за соопштување и воспоставување дијалог со светот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Не сум сигурна, може само ми се причинува дека сите веќе се геј. Посебно машката популација.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Таа потреба се должи на неколку факти: - прво, на фактот дека расказот е книжевен вид во којшто се отсликуваат моќни и заводливи слики на светот; - второ, расказот е простор на свежи и живописни слики на современиот свет, па поради тоа е актуелен и алузивен, некогаш хумористичен и ироничен; - трето, расказот како жанр, стилски и јазично, е отворен за уметничко играње со сеќавањата, со имагинацијата и со мечтата на човекот (фантастични, чудесни и лудистички раскази); - четврто, расказот е облик податлив за различни и за широки читателски популации, затоа што од една книга на добри и одбрани куси раскази не се очекува да биде прочитана одеднаш како неделива целина, туку со паузи, а од секој расказ се очекува да биде прочитан во еден здив, со читателска страст и сласт; - и конечно, расказот како книжевен вид е сензибилен на промените во општествената/културната стварност, што влијае и самиот расказ да биде променлив по форма и по значење, потем да се популаризира во нови средини и меѓу новите генерации.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)