попустлив (прид.)
Немој да бидеш попустлива кон себеси кога ќе се преиспитуваш - можеш или не можеш!
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Дали сознанието дека е единствен потомок, го правеше попустлив, толерантен?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Оти речено е и за суровоста: оној кој е строг кон себеси, тој е благ кон другите, а оној кој, како Писмородецот е благ и попустлив кон себеси е суров кон ближниот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Да си висок значи дека си добар и попустлив, нема што!
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Македонците никогаш не вршеле терор! Секогаш биле попустливи. Навидум невозможно, но вистинито!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Го сметаа за визионер но и за тиранин, за упорен но попустлив, но најчесто беше воден од својот инстинкт.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Би се согласил со твојот предлог. (Не знам дали во последно време сум станал волку попустлив во сѐ.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)