посесивен (прид.)
Би била среќна некој да покаже таква „посесивност“ кон мене.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Да, беше налик љубов на учител кон ученик, како љубов на уметникот кон своето дело ... по малку надмена, горда, од друга страна сервилна, бидејќи во тој однос не знаете кој кого го поседува. Брутално посесивна ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Мајката ги доближува децата до себе и е крајно посесивна кон приватниот живот на нејзините ќерки, особено кон поголемата, веројатно затоа што кај неа постоела потајна желба, првото дете да биде машко, замена за таткото во домот, кое ќе го надополни неговото постојано отсуство.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Детето стана посесивно ѕверче кое бара љубов и внимание насекаде. Стана себично.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Дојде тој и ми уништи сѐ. Беше посесивен, го знаев тоа, мислам дека болно си замислуваше дека флертувам со секого што ќе ми се најде на патот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Како ме опсипуваше со внимание, посесивните моменти и стресот од неговата желба да се поседува живо суштество како да е предмет.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)