посник (м.)
Сеедно, сега знаеше дека тие селани живееле како што живеел библискиот посник. на црн леб и вода, со сурови молитви и сурови пцости за суровиот бог. Леб и вода.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Оче Симеоне.“ „Престани да ме сметаш за посник и кажи што сакаш!“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се запопував и се распопував, пиев и живеев како посник, пркосев и бев малечок. Сега е доста.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој бил посник, светец. Тој, не дедовците на некој друг.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Повторувал - светец, посник. - Светец, воздивнала со прекорно сомневање игуменијата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)