поставен прид.

поставен (прид.)

Тоа од самиот почеток е поставено на лоша основа: не е општомакедонско, туку е парцијално, и има бугарска боја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
101. Бугарскиот резервен генерал Иван Цончев (1859-1908) беше поставен од бугарскиот дворец и владата за потпретседател на ВМОК и беше главен вдахновител и организатор на „Горноџумајското востание” (1902).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Него особено го револтира што таква потребна програма не успеа да прокламира ни една толку силна и така широко поставена револуционерна организација во Македонија, како што беше ТМОРО, туку најважните прашања си дозволи да ги остави да се решаваат „подоцна”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Трпезницата веќе е поставена и сега нека идат гостите, нека добре дојдат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Попот се поздрави со мудурот и другите Турци, му направија место на чело на софрата, на која веќе беше поставена и една погача ненакршена, саани со есенско сирење, а дедот Петко си го држеше пагурчето готов да го благослови идниот брак. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оркестар поставен на мал подиум во дното на просторна, свечено накитена сала.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Имаа на себе дебели ќуркови, поставени одвнатре со кожа, снежинките се стопуваа уште веднаш штом ќе слетаа на нив, а Змејко го префрли пораменици својот забан и избрза да им разгази малку напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Николески е автор на стихозбирката „Македонче“, објавена 1946 година со која беа поставени темелите на современата македонска литература за најмладите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Станичен перон во птичја перспектива. Сивило на есенски ден, некакво синкаво испарување и едноличен, речиси зарипнат женски глас: ВОЗОТ ЗА БЕЛГРАД ПРЕКУ КРАЛЕВО ПОСТАВЕН Е НА ТРЕТИ КОЛОСЕК.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Се сети дека неговата матарка е поставена со шајак.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Фронтот како да беше поставен спроти свлетлината на хоризонтот; сега ќе треба да мине доста време додека војниците навикнат на темнината; тогаш ќе почнат да го распознаваат бришаниот простор пред себе и ќе го заборават хоризонтот од загледаност во заплашувачките поединости пред нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Леле, кој ќе го изеде сето ова? - со вистинска загриженост прошепна Денко, шетајќи со очите по поставените јадења.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тетка Рајна не пречека со поставена маса за ручек.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Пак почнав да се навикнувам да седнувам на поставена маса, со подготвен од друг ручек, да јадам со измиени од друг садови, на испрано и испеглано.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На пример, павилјоните на СССР и на САД, обата грандиозни, поставени еден наспрема друг, едниот четвртест, другиот кружен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Денешниот Париз е поставен така што луѓето во арондисманите, односно во градовите на Париз, живеат на едно, а работат на друго место.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тие се поставени симболично, како показ за обете воено-политички блока во светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Крај чешмата биле поставени и клупи. Тие уште се тука но искршени, ишарани, изделкани, жални!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Малку потаму, во зеленото паркче, во свое време била поставена чешма.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Била поставена за да не се поминува, за да не се гази тревата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе