поткасне (св.)
Бабата Тода го праша еднаш двапати и кога виде оти нејзиното Јоше не мисли за живот, си ја поткасна устата и веќе не му проговори.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И сега, кога ја видоа Митра одгоре и со неа една „ас“ невеста со скопци, со решмчња, синџири и други ѕрнѕурки, со прегачи и кистови, во „копитата" променета, сите си ги поткаснаа долните муцки.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Наеднаш почнаа да се случуваат мошне чудни и необјасниви работи: млекото што го пиеше помалото братче на Димче згорче како пелин; едно утро наеднаш ѝ се здрви раката на Димчевата мајка; еден ден ненадејно и без причина на дедото му испадна единствениот заб; еден ден, пак без причина, бабата си го поткасна јазикот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- И јас си го поткаснав јазикот кога му велев на Димче да внимава кога јаде, да не си го поткаса јазикот!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Мирчевица си ја поткасна долната уста кога ги собра парите од децата и золвичињата и ѝ стана јасно дека овие не се обични трговци на свињи, брави и овци, како што ја маслосуваше Мирче.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ѓорѓија си ги поткасна долните муцки и слезе в село не прашајќи го Дамета зошто се збираат, и тоа баш во неговото село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Донеси и смокви, вели Григор, смокви имам да ја натепам и Бугарија и Германија и... и си го поткасува јазикот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Горачинов си ја поткасна устата и крв си фати со прстите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И така: потпивни, поткасни, почна да ме замелушува вотката.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Веќе почнува да пелтечи, да си ги поткасува зборовите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Затреперил од допирот и си го поткаснал јазикот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Дајте ми да си поткаснам, па откако ќе легнам и ќе отпочинам, тргнуваме кон преминот на проблемот.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Денот го завршија пред ќумбенцето во просторијата кај Петра, поткаснаа од она што уште го вртеа во торбите, се напија и топол чај, а после Чана ја црпна мајка си и отидоа од другата страна на ѕидот да го дочекат сонот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Бабата Петра не го чепнува својот чипчак, гледа внучињата да поткаснат колку што се може повеќе, нека стое, ако не им стигне и него ќе им го претури.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кога дојде ред да одморат и да поткаснат, малку понастрана од купот седна Пелагија и ја рашири шамијата со коматот леб и сирење, а за да не биде сама, крај неа квакна Танаскоица со краишник и голема грутка сирење.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- На мижуркавата светлина откај кандилото сами двајца си поткаснаа.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)