поткашлува (несв.)
Одамна се раздени ... - поткашлува. - Облачно е, душо. Врне.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Не се уморени, и ако заспијат сонот им е плиток: на секое лавнување на кучињата се разбудуваат, се превртуваат и поткашлуваат. Сѐ се слуша во тие зимски ноќи. 32
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе ја прилепиш до грнето, вели, и тоа цел ден ќе врие, ќе поткашлува како стар човек, поднастинат, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ја пречекорив првата жена и таа почна да поткашлува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Поткашлувајќи значајно, старата чавка погледнува наоколу и одеднаш забележува дека детето го снемало: - Каде е?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
„Чудно дишеш. Поткашлуваш“, возвраќа другиот човек. Правилно одговарам: „Можеби малку застуде.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Стариот железничар нестрпливо си ја поправаше шапката, без потреба поткашлувајќи во дворот - на чистиот воздух.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Знам, знам! Позната ми е таа стара многу сугестивна улога на поткашлувањето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Пајтончето прусаше по патот, потсвирнуваше со гумите на свиоците и поткашлуваше со моторот на угорниците.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Одоздола се чуја чекори и поткашлување. Си идеше Рангел.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Милан поткашлувајќи си го подготви грлото, си ги замазни мустаќите со горниот дел на дланката и почна да ја пее народната песна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И згора на сѐ, нашиот вујко се гордее со она што го напишал за нас - Додека ги кажува овие непотребни обвинувања Виктор се напрегнува да го имитира изговорот на братот на нашата мајка, она нагласено шупливо шепотење но само во понекој од зборовите, а на крајот на реченицата обврзното поткашлување, како кај вујко ми.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Режисерот за време на претставата: „Мрдаш. Не седиш мирно на столот. Поткашлуваш.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)