потрепери (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Од косматите гради му се креваше пареа. Секој дел од телото му беше напрегнат и потреперуваше од силна возбуда.
        
      
    
    
    
      „Бојана и прстенот“
         од Иван Точко 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се будеше со вресок, испотен, со коленици што потреперуваат, мајсторите крај него си спиеја во онаа изгубена и за него веќе недостижна топлина на мирните постели и тој дури по подоста време, исправен на своето, легло, неприемчиво и змиско, немаше од кого друг ни да го крие освен од себе тоа.
        
      
    
    
    
      „Белата долина“
         од Симон Дракул 
        (1962)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А уште веднаш по нивното стивнување над целата Бела Долина се надигна еден заеднички лелек од многу арамиски гладни завивања и заплисна со својот сплет, од кој како да потреперуваше целата Бела Долина, обиколена и гола. Сега Змејко можеше и да ги гледа.
        
      
    
    
    
      „Белата долина“
         од Симон Дракул 
        (1962)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Полетуваше по неа, полн со топлината на таа своја тивка игра, во која потреперуваше и некаков безшумен лет на преперуга, некакво бело танцување, и некаков безграничен устрем на галеб, во таа бес тежинска собраност на сѐ, што постоеше од него, само во тој поглед.
        
      
    
    
    
      „Белата долина“
         од Симон Дракул 
        (1962)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И како ја пееме  Така обѕивава болка толку гласно  Саноќ за да потреперуваат, сончогледите.
        
      
    
    
    
      „Камена“
         од Анте Поповски 
        (1972)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тој шум, сред оваа неначната тишина, добиваше размери на експлозија и за сѐ живо, а притаено во долината, беше настан, беше напнување на слухот, потреперување на срцето.
        
      
    
    
    
      „Бојан“
         од Глигор Поповски 
        (1973)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сето тоа беше толку мачно, и толку тажно и беше лицето, усните ѝ потреперуваа и ми се чинеше дека во секој момент ќе се расплаче.
        
      
    
    
    
      „Друга мајка“
         од Драгица Најческа 
        (1979)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Кога се покажаа ѕвездите и ветер кога подуна  Како исчезнуваше гласот на младичот  - Така две обетки некаде потреперуваа.
        
      
    
    
    
      „Љубопис“
         од Анте Поповски 
        (1980)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Некои урнатини, обраснато камење, оброчиште  и еден темен напев што се издига во залезот:  три жолти цветови, наведнати над каменот,  секое нивно потреперување – некој потаен збор,  се нишаат и се молат во летниот припек.
        
      
    
    
    
      „Ненасловена“
         од Анте Поповски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И останале со положени дланки на плочите и со молитва од која само усните им потреперувале.
        
      
    
    
    
      „Тврдоглави“
         од Славко Јаневски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Мраморните лакови на ноздрите ѝ потреперувале како на младо животно во сетилно претскажуваше на слатки можности што ги шепнува развигорот на будењето.
        
      
    
    
    
      „Тврдоглави“
         од Славко Јаневски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Брадата од студот ѝ потреперува како да го воздржува липањето.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 6-7“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Можеби несвесно емитуваат сигнали, можеби потреперувањето на нивните мускули, по неколку светлосни години, ќе предизвика нежна вибрација на некоја друга планета.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 8-9“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          При секое погледнување во тие белини, Богдан го обзема силна возбуда; по телото му врват благи трпки и му се искачуваат во главата; го чувствува движењето на крвта во него, а рачката од фанглата и мистријата му се навлажнуваат во рацете и потреперува.
        
      
    
    
    
      „Животраг“
         од Јован  Стрезовски 
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Како    е, потпрашуваше старата, а во гласот потреперуваше надевањето дека не е полошо од    вчера.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 34“
        
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тој седеше сосем исправен во својот стол, додека неговите моќни гради се издигаа и потреперуваа како да му се противставуваат на удар на бран.
        
      
    
    
    
      „1984“
         од Џорџ Орвел 
        (1998)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Светилката потреперуваше од променливиот напон и ги зумираше шарите на ѕидовите правени од маказарскиот уметник - големите лисја од јавор рамномерно поставени и осенчени во еднакви правоаголници.
        
      
    
    
    
      „Бунар“
         од Димитар Башевски 
        (2001)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И кога грееше и кога вееше  Тој гол влегуваше во планината,  ги ширеше рацете како гранки  и веруваше дека еден ден  сосема ќе се поистовети со стеблата,  ќе потреперува и ќе размислува како нив.
        
      
    
    
    
      „Две тишини“
         од Анте Поповски 
        (2003)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Грбот ѝ беше како кадифе, ушната школка потреперуваше како веќе да го очекуваше неговото милување.
        
      
    
    
    
      „Вежби за Ибн Пајко“
         од Оливера Николова 
        (2007)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ме понесуваше таа сличност и забележував дека кога ќе се насмевнеа усните на некоја од жените и дундата ѝ се подоптегнуваше во должина, и во исто време се подрашируваше, потреперуваше.
        
      
    
    
    
      „Полицајка в кревет“
         од Веле Смилевски 
        (2012)