потстриже (св.)
Дедот поп спремен, со засукани ракави, го распови на масичката малото, ги зеде ножичките, го потстриже, го фати за главче и почна да го брчка во водата што ја донесе Гуца во ѓумот, читајќи си напамет: „Крешчаетсја раба божја . . .“ и се обрна на нунката: „Кажи нунко име“, и причека.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ѓузепе носеше бакенбарди и долги мустаци и кратко потстрижена коса, а природата беше го нагрдила и со црвена коса, и целата глава изгледаше како црвена маска на велики поклади.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сите се накусо потстрижени и, од глава до петици, во црно.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дури и црвеникавата коса, кусо потстрижена, му беше напрчена.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Не можам, а да не му се восхитувам на Хорацио Цвикало на господските гестови, уште повеќе кога ќе ги поврзам со тенко потстрижените мустачиња, светлите костуми со пруги и склоноста кон дебелички жени со огромни дојки.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Наспроти големите разлики во верските убедувања, потстрижувањето на косата секогаш е поврзано со сексуалната апстиненција и со целибатот, т.е. со симболичната самокастрација.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но, елените не разговараат со играчки, особено кога се мамурни, а играчките почнуваа да се жалат – ту како некоја си ја шинала ногата или го исчашила колкот, како си ја потстругнала главата, или ѝ побегнало тркалото, приколката, па ти бара клуч, шрафцигер, ту ќе ти побара да ја подмачкаш со ова или она, небаре така ќе и престанат бодежите во слабината...
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Кусо потстрижана коса, што очигледно и ја фазонирала некоја невешта фризерка, тенки нозе, тенки раце, тенки прсти на рацете ... сѐ тенко и издолжено, лицето и вратот исти такви, очите слични, малку искосени кон слепоочниците, темна кожа... никаква блуза и панталони.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Со волја отидов да се потстрижам и сега кога се погледнувам на малото огледало ставено во длабочината на левиот прозорец, изгледам помлад.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Нејсе! Тогаш јас, реков веќе, ослободен и со чиста совест дека сум сторил сѐ што е потребно, решив да се поддотерам, да се потстрижам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој ден, по првото копање со компресорот, откога видов дека работата тргнува, по толку месеци, првпат отидов во Монастир да се потстрижам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Негде во средината на пролетта ( а кој да ја забележи пустата пролет?) пред нивниот влез застанаа два џипа со црвени крстови од страната, под крстовите на едниот македонско писмо, а на другиот грчко, и бидејќи беа најавени со писмо по пошта нив ги пречекаа Пелагија и Чана, меѓу нив трите внучиња на баба Петра и дедо Костадин променети во нови алишта, избањати со миризлив сапун двете девојчиња убаво исчешлани и со панделки во косите, а машкото убаво потстрижно и со патец над левото уво.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Онака висок и малку подвиен, рус, со високо потстрижена коса и со сини очи, ми ја заклонуваше глетката кон езерската шир.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
На дланки ја пишувале Во неволја ја допишувале Од немајкаде ја препишувале Без зборови ја умножувале Во снег ја вжештувале Редовно ја потстрижувале Во кисели овошки ја унижувале Крај влажна кожа ја доживувале Во остатоци на смев ја сожалувале (Била струја Била и темница) Сега е литература Под сигнатура 49 И
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Господинот беше на возраст од педесет и две години, со танки мустачиња и големи уши, високо потстрижен, со необично долги кркми, на средината благо разделени и, речиси, залепени на левиот и десниот дел од челото.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во сета несреќа, дојденкава, баба, останала единствено дете со плетенки во селото, па и пошироко, а сите други што оделе во Бугарско училиште поради вошките потстрижани до глава.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ги научи сите занаети, како самоук, од потстрижување на децата, до плетење и везење, зашто да преде и да ткае имаше положено уште во младоста, како и сите полски работи, со алатки од феудализмот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)