поттик (м.)
Површен поглед на настаните што изврвеа пред Востанието ни докажува оти најсилниот поттик за националното разбудување на Македонците ни послужи зафатокот на српската пропаганда во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Остануваше само еден силен поттик кон извршувањето на нешто заедничко со Глигора.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
12 Нешто слично се случуваше и кај нас: основните поттици што можеа да се најдат во прозното творештво пред една литература во нејзиниот синхрон миг на раѓање и на подем, беа инспирациите од фолклорот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Totus mundus agit histrionem – магијата на младешките сништа, играрии, вилински карневали, на мангупски царчиња и шумски духови, на слаткото травеститетво, кога вљубеноста е Атлас, но атлас кој и покрај силата е незапирливо нежен, а светот на новите облици заличува на нестварниот свет од бајката, низ кој талкаме полни со духовна и физичка кондиција и приемчивост – и сега во овие исечоци, во оваа шкрта милост на сеќавањето, поттикот е еднакво жив.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
по заодот или за видливиот флуид во меѓучовечките односи ...ако нежноста и грубоста се раѓаат од ист збор тогаш ние сме минувачите ноќната ламба постелината сликите хартијата слободно можат да се избришат просторот е доволно определен со четирите ѕида прозорецот заклучената врата во било кој град во било која ноќ се наоѓаме во таа соба во тие соби преплетени како во дивите приказни секогаш топли секогаш повредени секогаш еден од друг и кога сме во спротивните агли на оградената одаја... сонливата утеха на а-молот или тактилното искуство како поттик за блесочни автопроекции ...задоволството при ненадејниот премин од дур кон мол порано често доловувано во моите импровизиации на отворен и во затворен простор без напор како при сплот на вода и воздух кај еуфоричниот нуркач и сега...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Можат да се создадат претпоставки за поголемата или помалата наклонетост кон мистичните содржини, можеме да се запрашаме дали Дишан ја користи алхемијата само како игра или надворешен поттик, како просто оправдување, или пак се работи за нешто подлабоко.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Единствен исклучок беа дадаистите за кои детството, повеќе отколку класичните естетски извори, беше поттик за отстапување од социјалните норми.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Студијата која ги обработува основите во тестирањето на пропагандните пораки укажува на следното: 1) ефектот на пропагандната креација не може да биде измерен доколку барем два пати не е изложен на перцепцијата на целниот сегмент на побарувачката (терк); 2) секое препознавање на целите на истражувањето од страна на испитаникот ја докажува погрешно избраната метода; 3) секое истражување се спроведува со споредување на резултатите од контролата и експерименталната група; 4) тестот на присеќавање се прави како со така и без помошта на испитувачот; 5) се мери степенот на преференција во одредена група производи; 6) се мери поттикот за купување и се утврдуваат конкретните причини; 7) тестирањето се спроведува на еден дел или пак на целиот пазар.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во стакатото на искинатите линии, во малкуте скудни потези, тој ги обединуваше симултаните настани на улицата, или во борделот, како што во аглестото изобличување на фигурите футуристичките и експресионистички стилски обележја ги обединуваше се поттиците на детските чкртаници.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Сега кога поттикот што го даваше болката беше отстранет и изгледаше како да ја загубил сета способност за интелектуален напор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Можеби ќе успее да ја извлече од сеќавањето на г. Черингтон со некој соодветен поттик.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како тие песни да претставувале поттикот за да се создаде Жената на белогардеецот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Донски продолжи да чита иронично: Со одликувањето со Орден на трудот, на нашиот трудбеник ќе му се даде целосна сатисфакција за неговата досегашна работа, како и поттик за нови успеси на полето на архивистиката. Смрт на фашизмот - Слобода на народот!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Што да пра’ам прибидејќи делата на Хорацио ми се секогаш корисен поттик за пишување антиупатство.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Нормално, предизвикот го сфатив, пред сѐ, како добар поттик за пишување – повеќето од колумните стануваат анти-упатства.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Никогаш не купувај ја глупоста! – ме посоветуваа и од тогаш овој поттик не престанува да ме следи.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Можеби настаната од потребата да се поттикне јунаштвото кај борците; (нели, се зборуваше, откако успеал да ја протне бомбата низ отворот на бункерот, тој со своите гради го затнал тој отвор низ кој митралезот го бранел влезот во рудникот) а притоа творците на ова тврдење изумиле дека приказнава може да втаса и до ушите на тетка Боса Сотирова и дека тогаш јунаштвото на Благоја нема да е поттик туку ќе претставува бодеж што ќе длаби во срцето на несреќната мајка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ја спуштам завесата и таа одново ме одделува од светот во кој, поттикот во мене што не згаснал сосем, ме тера повторно да чекорам.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Неговиот поттик и неговата причина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Оној кој го избра мракот за да слезе по сокакот (а сокакот потсетуваше на извиткана јагула што ќе ја замати бистрата вода штом ќе го зграби пленот на езерското дно); Оној кој ја избра темнината на мрачниот сокак а не гази по калдрмата додека слегува и потсетува на молитва, на порака, или на нејасен збор од тајна болка; Оној кој го избра мракот и слезе по сокакот на посветеноста гласот ни го подари за да ни биде и поттик, и надеж.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)