поттурне св.

поттурне (св.)

лебот во водата и ќе го вртиме со устата за да можеш да го поттурниш со јазикот и одиме така - клан, клун, клан, клун, и душата си ја стегаме во носот, тука ти се дели од телото, тука ти се враќа назад, оти лепчето ти тежи ко плитар во мевот, а водата шмркни ја и измочај ја, во едно ќоше, наалкавме една цепнатинка во ќошето и - тука за да не смрди многу во вагонот, ама пак остануваше по нешто за да смрди, да те штипе за ноздринки и за очи и така преткаме ко глувци во сламата, се чешаме од болвите, ебати печалбата наша, ми жеже, вели Стеван Докуз, овдека вака, под гушата, и бара вода, ја тркала кофата, клоца низ вагонот, па ќе го удри некого, а ние ќе го фатиме Стевана в гуша, ќе се давиме, ќе го седнуваме,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само по една педа или по еден чепорок на ден го поттурнуваат, го помрднуваат, нагоре, кон Пелистер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се поткреваме на прсти, ги тегнеме вратовите, се поттурнуваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме поттурнуваат поваму, потаму: од една дупка во друга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се испењаме така, молченката, се поттурнуваме со врвот од прстите, се зачекуваме со лактите, се драскаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А сега, таа занурка во морето (спуштајќи ја главата надолу, поттурнувајќи се со нозете, кои забелеа над површината) и се вовлече во длабочината.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ги гледам како врват низ улицата кристална и сакам да им се придружам но милионскорачниот аудиториум ме фаќа за гуша и ме поттурнува во една споредна улица, во оној каллив сокак - ќорсокак.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Евразија, на пример, лесно може да ги заземе Британските Острови, кои географски се дел од Европа, или, од друга страна, Океанија би можела да ги поттурне своите граници сѐ до Рајна или до Висла.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го ослободи Винстон, поттурнувајќи го малку кон стражарите. „Соба 101“, рече тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со едно, навидум отсутно движење, тој ја поттурна пред другите, зеде и самиот една, па стана и почна бавно да чекори горе-долу, како стоејќи подобро да размислува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога тој се врати со списокот на јадењата, авторот го зеде, го држеше на масата како поттурнат в десно, некако далеку од себе и му рече: „Слушај! Додека јас читам, донеси ми едно шише бела Александрија!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
МРО во лицето на Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Димо Хаџи Димов и многу други остро ѝ се противставувале на врховистичката политика спрема Македонија воопшто и одделно спрема врховистичкото инфилтрирање и врховистичките подготовки за поттурнување на пожари во одделни околии во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Можеби таа сила што ме поттурнуваше не беа прсти или рака туку желбата или потребата над која немав контрола.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ѝ помогнав да се качи на чунот. Сетне го поттурнав и тој се слизна по водата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не е важно, дали сме спремни за коренити промени, важно е дека ваквите промени мора да се поттурнат напред, да се движиме во тој правец!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Го поттурна мракот престорен врата и шарките ја разгрнаа темнината, старицата - ноќ од одајчето штрбаво списка (си го покажа мракот единствениот бел заб печката плинска).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Мачорот му се доближи, му го поттурна вратот и му мјаукаше, а Милан го стисна до себе, наоѓајќи удобност во купчето од свилесто крзно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Држењето на мачорот беше блага љубопитност што се граничеше со незаинтересираност, но кога, по една минута, или приближно толку, глушецот не мрдна, неговата предна десна шепа се спружи и нежно го поттурна суштеството.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Полицаецот ми го поттурна под нос и нареди: - Читај го тоа што е подвлечено со црно мастило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе