почуди (св.)
Се почуди, се помисли, го тратна малото во пепелта и солта што ги спрема порано, го извалка и го завитка во една пелена приготвена од Доста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А Ѕвездана ми го фаќаа многу очи. Едно излегување и ќе го почудат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Суви ѝ се боските, господе боже, дали од нашиот страв и нејзе и пресушија боските, или некој ја почуди?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Срцето ми дошло в грло како да ме фатил зарек, како да сум почудена.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Може ме почуди, си мислам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)