превара (ж.)
Сѐ на превара ми зеде, вели, и сега назад не можам, а за напред уште понеможам. Не ми отвора пат за напред, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Можно е, пак само претполагајќи, и пак потпирајќи се само на општите историски податоци, зашто конкретни, веќе видовме, нема, дека Солунското кралство односно Латинското, во времето на Бонифациј Монфератски, во 1204 година, кога го завојувало и овој дел на Македонија, со поткуп, со принуда, или на превара претците на денешниве жители на Потковицата ги правело во католичка вера, но по неговото исчезнување од исторската сцена, нивните потомци, во текот на времето, одново се вратиле на православни верски традиции, а како драг спомен на своите претци, и на тие можеби добродетални времиња, ја запазиле и ја честуваат Латинска Црква?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Така, на превара, нѐ разоружаа, вели човекот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дали ќе беше тоа татко ѝ на Калија, самарџијата Димо, дали попот Ставре, дали пак еден стуткан туѓинец, Унгарецот Миклош, кој по несреќа попадна во Скопје и кој, сличен во судбината со Бошко, Калија ја сметаше за единственото невино суштество во оваа превара со војни, освојувања и робење.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тропикана – сок (најчесто) од цедени помаранџи. Толку е густ да не се пие – се џвака. Органик – храна без пестициди, адитиви и вештачки ѓубрива. Мислам дека е превара.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Стига само да замавнам по главата На смалениот на превара Џин.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Рипли – познат колумнист од втортата страна на „Политикин забавник“ и создавач на сѐ уште неоткриената превара „Веровали или не“.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)