преголем прид.

преголем (прид.)

Радоста од Силјана се свртела на преголема жал и плач и тогај дури се уверил оти штрк ќе си биде и штрк ќе си умре. – "Ех, кој не слуша татко и мајка, си рекол сам со себе, клетвата го фаќа, нели ме донесе Господ на мојот вилает, не ни е толку жал, чунки овде ќе си умрам".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
— И почна да си ги брише солзите со црната шамија, која беше знак на преголема жалост.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се сети дека боговите диктираат и судат, порасна високо над нив, преголем да уверува со грмотевици, па сакаше да ги сожалува (не можеше) и сакаше да им се смее (не можеше ни тоа).
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од преголема умора и глад не можел да се исправи на нозе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Демонот во него беше преголем за да се провлече низ решетките на канализацијата рамно до земјината утроба, за да стане отровна риба со кал во жабрите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се молеше Бојана и се заколнуваше со тешки мајчини солзи, неумолива во својата преголема болка за толку рано однесениот маж и непоколеблива во своето решение да го запази синот, својата радост, својот нов живот, да го запази од сите патила што ги носи печалбарскиот живот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Додека стоеше, прифаќајќи го она предизвикување, размислувајќи уште оти растојанието е преголемо за него, тој виде дека мечката нема време да чека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите беа собрани крај мртвото тело на мајка му од Трајана, која од преголема радост што го виде Трајана женет, ја испушти душата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Знаев дека за кого било од учениците би била преголема радост учителката Вера да биде денеска нивна гостинка...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Штом се симнала на станицата, се збунила од многуте возови, од преголемиот перон и од луѓето, кои се вртеле околу неа, но никој не ѝ го разбрал јазикот, ниту пак таа нивниот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Причините за постојано присутната криза на слатка вода лежат во преголемото трошење на водата, за наводнување на огромни комплекси земјишта, за електро-енергетските централи и за сѐ појаката индустријализација, како и во нараснување на потрошувачката на вода за комуналната хигиена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Париското метро е најбрзото превозно средство, зашто преголемиот број на автомобили толку многу ги задушува улиците, особено главните сообраќајни артерии, што во определени часови од денот оваа река од коли просто лази, додека истоврмено под земјата, низ безброј испреплеткани лавиринти и тунели, се движат електрични возови со кои побрзо се доаѓа до целта отколку со најлуксузните и најбрзите автомобили.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Колку што се сеќавам од преголема возбуда дека сум фатил птица, не знаев убаво да ја држам, та набргу штом ја извадив од клопката, таа ми првна од рацете и одлета на блиската слива.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Искушенијата на необичниот товар често се преголеми за оние што патуваат со него.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Беше попусто да му се говори, видов, немаше збор за неговата преголема среќа...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тие се работите кои направија таа година 1872-та, при крајот на летото, да биде убиен Максим Акиноски и заедно со него и Лазор Перуноски, а неколцина мажи отерани од Потковицата на заточение некаде во Азиа, Максимовата преголема љубов да си соѕидаат потковичани црква, општина и училиште и неговото противење на Грчиштата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој Антуш Крстин и сите домашни ќе се во коцката слични на преголеми заробени молци во илјадагодишен калибар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Возбудата беше преголема за да останам предолго на нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На половина пат помеѓу селото и заборавената стара тулана, под голем стаблак на орев во чии лисја шушкаат крилја на невидени, птици и спомени, седат во круг седум старци со преголем товар на минатото врз грбот, не пијат и не пушат, и зачудо, некако со првиот предвечерен ветрец, брчките на мудрите лица им се измазнуваат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сѐ ми се чини од преголема радост.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе